Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 31.05.2025

На 30.05.2025 година во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на улицата „Фјодор Достоевски“ во Скопје, патничко возило „Сеат“ со скопкси регистарски ознаки, управувано од А.Д.(70) од Скопје удрило во пешакот Р.Ј.(60) исто така од Скопје. Во несреќата Р.Ј. се здобила со тешки телсни повреди констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 30.05.2025 година во 16.10 часот, на магистралниот пат Кичево- Гостивар кај кичевското село Колари, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Артеон“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(38) од Скопје, „Голф“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(22) од Кичево,„Митсубиши“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.А.(61) од Скопје и „Сеат“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(56) од Македонски брод. Притоа, со медицинско возило  во Општата болница во Кичево, пренесени се возачите на возилата „Сеат“ и „Митсубиши“ како и Р.И.(20) од Кичево, сопатник во возилото „Голф“ кај кои, констатирани се телесни повреди додека сопатничката во возилото „Сеат“-С.Ѓ.(55) од Македонски брод, се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во ургентен центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

 

На 30.05.2025 година во 19.39 часот на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Љ.С. (63) од Штип, а по претходна пријава за случена сообраќајна несреќа во Штип околу 19.00 часот во која што приведениот на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, управувајќи патничко возило „Опел“ со штипски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната В.К. од Штип. По преземени мерки од страна на полициски службеници било констатирано дека Љ.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,89 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во Полициска станица. За настанот бил изветсен надлежен Јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против истиот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ.

 

На 31.05.2025 година во 01.15 часот на улица „Маршал Тито“ полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го лишиле од слобода В.З.(42) од Тетово кој управувал со патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички под дејство на алкохол со измерени  1.60 промили во крвта. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок по член 297-а од КЗ на РСМ(„безобзирно управување со возило“).

 

На 30.05.2025 година во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.М.(32) и Г.А.(29) двајцата од Скопје, како и Д.К.(35) од село Волково, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 30.05.2025 година во 23.00 часот на улица „Маршал Тито“ во близина на објектот на Монополот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Б.(26) и А.К.(27) двајцата од селото Мала Речица затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

 

На 30.05.2025 година во 22.15 часот полициски службеници од СВР Тетово на подрачјето на ПС-Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објекти а во врска со точење алкохол на малолетници. Од извршената контрола во угостителски објект на улицата „Бане Стефаноски“ во Тетово бил затекнат малолетник од Тетово кој бил услужен и конзумирал алкохол и кај кого биле измерени 0.50 промили алкохол во крвта. Истиот бил предаден на неговиот родител Н.Ј. од Тетово. По документирање на случајот на сопственикот на угостителскиот објект ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 204 од КЗ на РСМ („Точење алкохолни пијалоци на деца“).

 

На 30.05.2025 година во 19.00 часот во Полициската станица за граничен надзор Танушевци, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.378 и чл.247 од Кривичниот законик на РСМ,  полициски службеници го лишиле од слобода А.Т. (21) од Сојузна Република Греманија. Тој бил предаден во Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

 

На 30.05.2025 година во 17.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишија од слобода А.М.(45) од Штип, а по претходна пријава дека во 17.20 часот во книжара во Штип, со закана кон вработена, одзела пари од дневниот промет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 30.05.2025 година во 16.25 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош Куманово било пријавено дека од нив била побарана лекарска помош за лицето Ф.Д.(21) од Куманово, којшто, според неговото кажување, бил ненамерно повреден од испукана дијабола од воздушна пушка при нејзино расклопување од страна на неговиот татко И.Д.(50) од Куманово. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.05.2025 година во 13.05часот во СВР Тетово Г.Ш. од Тетово, пријавил нарушување на јавниот ред и мир во дворот на тетовско средно училиште, каде нивен малолетен ученик, бил физички нападнат од четворица малолетници ученици од друго средно училиште и дека нивниот ученик бил префрлен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

На  30.05.2025 година во 20.00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.М.(26) од село Никиштане, скопско, а исто така според пријавеното, тој го нападнал и нејзиниот колега. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 29.05.2025 година во Полициската станица Кратово, било пријавено дека 50-годишна жена од Кратово во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Д.(59) , кој притоа и упатувал закани по живот со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 30.05.2025 година во 13.30 часот, во селото Белчишта, општина Дебарца, лишен од слобода е Љ.О.(52) од истото село кај кого, при претрес извршен по Судска наредба, полициските службеници од Криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа 145 стебла од растението канабис сатива, повеќе предмети со марихуана и семки, најлонски и хартиени вреќи со гранки и лисја од непознато растение, метален грендер со остатоци од Марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 30.05.2025  во 16.30  во село Мрежичко, кавадаречко, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово, ги лишија од слобода од слобода Т.С.(52),  С.С.(54) и 44-годишната С.А., тројцата од Кавадарци и Б.С.(46) од село Мрежичко. Имено, при контрола на товарно возило „Исузу“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Т.С. и товарно возило „Форд“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.А., каде на местото биле затекнати и лицата Б.С. и С.С., товарните возила биле товарени со железо и делови од железни конструкции -четири кружни камења за сечење на метал „WURD“, еден камен за сечење метал „MAX PLUS“ и еден камен за сечење на метал „GI HIOCK“, делови од железна конструкција и една рачна бруска за сечење на метал „STIHL TS 420.M.“. Било констатирано дека предметите биле одземени од претоварни станици на фабрика од кавадаречкото подрачје. По издадени судски наредби, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле и претреси  во домовите на Т.С, С.С., С.А. и Б.С., каде кај С.С. биле пронајдени и одземени и гасен пиштол „ZORAKI“  и три маневарски куршуми, кои ги поседувал без соодветна документација. Исто така претрес бил извршен и во простории на правно лице во село Мрежичко, сопственост на С.С., каде биле пронајдени и одземени два метал детектори „Wave Terminator“ и „Tekpoint“, два помали рачни детектори за метал „SHRXYGPPOINTER II„ и „GARRETT PRO POINTER“, две метални штипки-штангли и една брусалица за метал „HUSDVARNA K-750“. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.  Т.С, С.С., С.А. и Б.С., биле задржани во полициска станица, известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност