СВР Штип поднесе кривична пријава против Ц.M. (46) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама “ и „загрозување на сигурноста“. Пријавениот во периодот од јуни до септември 2024, при комуникација преку социјална мрежа измамил женско лице, при што на оштетената и понудил продажба на автомобил „ауди а3“ кој не го поседувал и ја навел во неколку наврати преку брз трансфер на пари и преку други лица, да му исплати на пријавениот 366.747 денари. Пријавениот, исто така и упатувал закани.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д. (36) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во временски период од 11.02.2025 до 18.02.2025, пријавениот неовластено навлегол во електронскиот систем на трансакциската сметка на С.Д., при што ги прибавил и употребил податоците од дебитна картичка и извршил 14 успешни трансакции на шест продажни места и на банкомати на повеќе локации во Штип, со што се стекнал со противправна имотна корист со вкупен износ од 98.840 денари.
СВР Велес поднесе кривична пријава против С.П. (37) и Д.И. (39), двајцата од Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.02.2025 во Демир Капија, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „форд“ со демиркаписки регистарски ознаки, кое го управувал второпријавениот, додека првопријавениот бил забележан како од возилото фрла амфетамин.
На 29.05.2025 во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода еден малолетник од Скопје, како и Т.Б.(38) од Монголија, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 29.05.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, Б.Ц.(47) од Скопје пријави дека околу 12.00 часот во неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходна расправија, нивните соседи Г.Ѓ. и М.Г. им се заканувале на него, неговиот брат Г.Ц. и К.О., а Г.Ѓ. се заканувал и со тврди предмети. Исто така, М.Г.(69) од Скопје пријавила дека во станот на соседите околу 13.30 часот, по претходна расправија, таа и нејзиниот сопруг Ѓ.Г. биле физички нападнати од Б.Ц. и неговиот брат Г.Ц., при што едниот употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Денеска (30.05.2025) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(28) и С.С.(31), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од Б.Р.(32) од Скопје дека на 29.05.2025 околу 20.00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, С.С.(28) агресивно се однесувал и физички го нападнал неговиот брат. Подоцна околу 00.10 часот двајцата пријавени и уште неколку лица, насилно влегле во домот и физички го нападнале него и други членови од неговото семејство, при што употребиле тврд и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2025 во 12.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горна Матка, општина Сарај, Ш.И.(36) од с.Грчец, скопско се здобил со повреди во ногата од огнено оружје. Според пријавеното, додека се движел пеш, две лица испукале проектили кон него и избегале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2025 околу 23.30 часот во Полициската станица Чаир, А.П.(34) од Скопје пријави дека се оддалечила нејзината ќерка Ј.П.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (30.05.2025) во Полициското одделение Петровец, М.А.(22) од с.Петровец, скопско пријави дека од домот се оддалечила нејзината сестра М.А.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 29.05.2025 во 11.14 часот во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода е пронајдено нивно товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, за кое беше пријавено дека било одземено ноќта на 27/28.04.2025 од автосервис на подрачјето на Гази Баба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2025 во 17.00 часот во СВР Скопје, В.Н.(49) од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 23.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината сосетка М.Н.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2025 во 17 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив бил донесен В.К.(34) од Скопје, кој, според пријавеното, околу 15.20 часот бил физички нападнат од М.Д. пред спортска сала во с.Ново Село, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2025 во 19.45 часот во СВР Скопје, Х.Р.(25) од Скопје пријавил дека околу 18.35 часот во с.Трубарево, скопско, додека извршувал работни задачи бил физички нападнат од две машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, Т.Т.(51) од Скопје пријавил дека околу 20.25 часот на подрачјето на Чаир, по претходна случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од две машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2025 во 20.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје во СРЦ „Кале“ го привеле Д.Н.(50) од Скопје, поради недолично однесување за време на спортски натпревар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.05.2025 во 22.45 часот во СВР Скопје, Б.Р.(54) од Скопје пријавил дека околу 19.40 часот во СРЦ „Кале“, за време на спортски натпревар, бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2025 во 11.00 часот во ОВР Радовиш, од Јавната здравствена установа Радовиш е пријавено дека кај нив со повреди е донесено четиригодишно дете, кое подоцна е препратено во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Според пријавеното, со повредите се здобило додека престојувало во детска градинка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2025 во ОВР Радовиш, од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив со повреди е донесен Д.К.(58) од с.Ораовица, радовишко. Според пријавеното, со повредите се здобил при извршување на работни задачи во објект на приватна фирма во Радовиш. Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.
На 29.05.2025 во 15.20 часот во СВР Струмица, Ѓ.Т.(54) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 14.50 часот во двор од семејна куќа заедно со неговата сопруга и неговата ќерка биле физички нападнати од П.Б., инаку вонбрачен партнер на неговата ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.