Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 29.05.2025

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 12.10.2024 пријавениот од објект во градба во Скопје одзел техничка опрема и разновиден алат, во вредност од 362.850 денари, а откако бил забележан од едно лице, физички го нападнал.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против З.Ш.(47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 07.03.2025 во Велес, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана, а при преглед на други две лица од Велес, пронајдена и одземена е марихуана, која ја набавиле од пријавениот.

 

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против Х.T.(47) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа’’. На 23.05.2025 на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, пријавената на увид приложила фалсификувана швајцарска патна исправа.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(30) и А.У. (29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 02.12.2024 во близина на угостителски објект во Скопје, второпријавената пронашла платежна картичка сопственост на лице од Свети Николе и му ја дала на првопријавениот, кој во временски период од 02.12.2024 до 05.12.2024 неовластено ја употребил во 30 наврати, вршејќи трансакции на неколку места, при што се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 15.091 денари.

 

На 28.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.Т.(43) и Ѓ.Х.(28), двајцата од Скопје, како и М.С.(28) од с.Грчец, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 28.05.2025 во 10.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(49) од Скопје, и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(28) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 28.05.2025 околу 23.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Граничен премин Белановце-Куманово, атар на с.Слупчане, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано 17-годишник од с.Отља, општина Липково, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

Денеска (29.05.2025) во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.И.(27) од с.Крушопек, скопско, по претходна пријава дека на 28.05.2025 околу 22.20 часот на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата поранешна 23-годишна партнерка од Скопје, а нападнал и случајни минувачи, кои се обиделе да и помогнат. Исто така, според пријавеното, истиот на 25.05.2025 околу 02.00 часот, физички ги нападнал неа и нејзината пријателка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 28.05.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, Н.Л.(45) од Скопје пријавил дека на 27.05.2025 околу 20.30 часот на подрачјето на Карпош, неговиот 16-годишен син и неговото куче, биле нападнати од куче со сопственик, кое им нанело повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.05.2025 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кадино, скопско, околу 10 часот, по претходно нерасчистени имотно правни односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.П.(83) и 65-годишната В.П., двајцата од с.Кадино. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 28.05.2025 во 17.15 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ј.Н.(38) од Скопје, во својство на старател, пријавил дека неговиот штитеник Ш.М.(16) се оддалечил од семејниот дом, од кој и порано се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 28.05.2025 во 11.30 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Б.О.(41) од Кавадарци поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „кражба“. Кај него се пронајдени и одземени пари, што ги одзел од паркирани мопеди во училишен двор во Кавадарци. Одземеното е вратено на сопствениците и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.05.2025 во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека во објект во с.Орешани, скопско, настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

 

На 28.05.2025 во 19.25 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 28.05.2025 во 20.20 часот е пријавено дека помеѓу Железничка станица Миравци и Смоквица настанал пожар на машина од воз кој сообраќал на релација Скопје- Гевгелија. Од страна на Територијалната противпожарна единица пожарот е изгаснат. Нема повредени лица.

 

На 28.05.2025 во 11.20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека во семејна куќа во Гевгелија е пронајден починат С.Х.Н.(38) од Гевгелија. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Мени за пристапност