Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 28.07.2025

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. На 18.05.2025 преку апликација на социјална мрежа, пријавените упатиле закани кон С.С.(42) од Струга, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.М.(48) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.02.2025 во Богданци, полициски службеници го затекнале пријавениот при продажба на амфетамин на друго лице од Богданци.

 

СВР Битола, поднесе кривична пријава против М.К.(55) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.04.2025 при влез во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, бил извршен преглед на пријавениот – осуденик во установата и била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 27.07.2025 во 12.04 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Л.(42) од Косово затоа што при гранична контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. Запознаен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.07.2025 во 10.46 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Ц.(24) од Република Албанија. При гранична контрола и проверка во патничко возило „фолксваген тигуан“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе паковки со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.07.2025 во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат  Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско,  излетало надвор од патот. Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

Денеска (28.07.2025) во 00.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пешачка патека во Охрид, Љ.С.(47) од с.Коњско, охридско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патеката. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 45-годишна сопатничка Б.С. од с.Коњско, додека возачот Љ.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 27.07.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 01.30 часот на кружниот тек од ул.„Кемал Сејфула“ и ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ во Скопје,  Р.А.(75) од Скопје, управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.А., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 27.07.2025 во 09.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во Велес, Ј.Д.(28) од с.Башино село, велешко, управувајќи електричен велосипед, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Д., констатирани во Ургентен центар при Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

 

На 27.07.2025 околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Радање и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од С.И. (45) од с.Голем Габер, општина Карбинци. Во несреќата со тешки телесни повреди  се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

 

На 27.07.2025 во 16.30 часот во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Ш.(41), Д.С.(23) од Скопје и С.К.(42) од с.Драчевица, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 27.07.2025 во 07.29 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Нов живот“ во Шуто Оризари, скопско, настанал пожар на депонија, кој се проширил, при што било опожарено патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Џ.(53) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна едници Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

Денеска (28.07.2025) во 00.40 часот во СВР Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.С.(42) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Бит Пазар,  тој и С.А.(23) од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што Д.С. се обидел  да го нападне со остар предмет С.А.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 27.07.2025 во 18.10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 56-годишната Е.И. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради недоразбирање во сообраќајот, таа и И.М.(56) од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 27.07.2025 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.С.(37) и И.Н.(45), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 27.07.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, С.К.(31) од с.Сарај, скопско, пријавила дека околу 18.00 часот во двор од семејна куќа била физички нападната од А.К.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.07.2025 во 06.00 часот во СВР Скопје, 34-годишен маж од с.Визбегово, скопско, пријавил дека на 25.07.2025 околу 05.30 часот пред неговиот дом,  по претходна расправија, бил физички нападнат од женско лице И.Д.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.     

 

Мени за пристапност