На 26/27.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.З.(21), В.К.(45), М.Г.(40) и В.Н.(28), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 26.07.2025 во 13.33 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.А.(31) од Косово затоа што при гранични проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувана полска возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.П.(30) и А.П.(60), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.07.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин. На двајцата им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Денеска (27.07.2025) во ОВР Струга било пријавено дека околу 01.00 часот на регионалниот пат во с.Калишта, струшко, патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.В.(40) од с.Долна Белица, струшко, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.В., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
На 26.07.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.05 часот на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Трајко Иванов Љузе“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(61) и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С.(28) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.С., константирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Додека, П.Б. се здобил со телесни повреди, константирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.07.2025 во Волково, скопско, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана и канабис.
На 26.07.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 16.20 часот на ул.„Димко Најдов“ во Велес, патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 48-годишната Р.Т. од Велес, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Т. и нејзината 11-годишна сопатничка од Велес, констатирани во Ургентен центар при Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 26.07.2025 во 04.30 часот во ОВР Виница било пријавено дека на регионалниот пат, поточно на делницата „Пекланска крстосница-Бигла“ во атар на с.Трсино, виничко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со винички регистарски ознаки, управувано од Д.И.(64) од Виница и трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од Р.А.(69) од с.Трсино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на тракторот Р.А. и неговата 69-годишна сопатничка В.А. од с.Трсино, констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Л.П.(40) од Република Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.07.2025 на Граничен премин Табановце, за влез во државата, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел мерива“ со романска национална ознака, при што во неговиот багаж биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана.
На 26.07 2025 во 12.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на излезот од Прилеп, патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 18-годишната И.В. од Прилеп, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.В., констатирани во Опшата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 26.07 2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека околку 19.00 часот на ул.„Архиепископ Доситеј“ во с.Крушеани, општина Кривогаштани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(32) од с.Крушеани и патничко возило „шевролет“, сопственост на МВР. Во незгодата со телесни повреди се здобил Н.Ѓ., констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.М.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.12.2024 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин, дигитална вага со остатоци од амфетамин и таблета.
На 26.07.2025 во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Ќ.(31) од Република Албанија, со живеалиште во гостиварско, нејзината сестра М.Ј.(22) тетовско, додека на 27.07.2025 од слобода била лишена и нивната пријателка Е.И.(23) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од 34-годишниот сопруг на А.Ќ. дека во периодот додека престојувале во Италија, А.Ќ., М.Ј. и Е.И. снимиле и му пратиле видео снимки со порнографска содржина од неговиот тригодишен син. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по членовите 201 и 193-а од Кривичниот законик.
На 26.07.2025 во 22.50 часот на улица ,,Браќа Ѓиноски" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Љ.М.(25), постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.00 часот со употреба на физичка сила извршил оштетување на патничко возило „дачиа" со гостиварски регистарски таблички, сопственост на ЕЛЕМ. Притоа, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.99 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 26.07.2025 во 23.40 часот на улица ,,Маршал Тито" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода О.С.(20) и Б.С.(24) од с Палатица, тетовско, А.У.(21), Ј.У.(24) од с.Дебреше гостиварско, А.С.(25) од с.Вруток, гостиварско, и К.О.(23), Д.И.(25) и Д.Е.(21) од с. Селце, затоа што го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која Д.Е. од с.Селце бил повреден со остар предмет. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а бил пронајден остриот предмет и подигнат за понатамошна постапка.
На 26.07.2025 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.25 часот на крстосница од бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со италијански национални ознаки, управувано од М.Т.(22) и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната С.М., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Додека пак, со телесни повреди се здобиле возачот М.Т и неговиот сопатник М.А.(23) од с.Црн Врв, општина Студеничани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска (27.07.2025) во 02.45 часот во СВР Скопје, Т.С. (41) од населба Илинден, скопско, пријавил дека на подрачјето на с.Петровец, скопско, бил физички нападнат од С.Д.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (27.07.2025) во 02.28 часот во СВР Скопје, 39-годишен маж од Скопје, Н.И. (39) од Скопје пријавил дека околу 02.20 часот на подрачјето на Гази Баба од огнено оружје биле испукани истрели кон неговата куќа, при што била му оштететна капијата, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.07.2025 во 17.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Љ.А.(25) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.07.2025 во 06.41 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.С.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.07.2025 во 14.16 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Р.Б.(42). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.07.2025 во 19.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, од Јавна установа Центар за социјални работи Скопје било пријавено дека била пронајдена Е.В.С.(16), за која на 25.07.2025 во Полициското одделение Шуто Оризари беше пријавено дека се оддалечила од семејниот дом. Според пријавеното, малолетничката кај нив пријавила дека поради семејни недоразбирања била физички нападната од нејзината 46-годишна мајка Е.Ј. од Скопје, со привремен престој во Сојузна Република Германија.
На 26.07.2025 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.М.(48) и С.А.(45), двајцата од Скопје, при што едниот од нив употребил остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 26.07.2025 во 20.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(41) од Скопје, од една страна и М.К.(59) и С.К.(53) двајцата од с.Сопиште, скопско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 26.07.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Ш.(39) и С.Ш.(18), од една страна и М.Ш.(22) и О.Ш.(49) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 26.07.2025 во 20.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Н.(30) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Л.К.(72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Тој, на 15.07.2025 бил затекнат како со рибарски мрежи врши незаконит риболов во забрането подрачје во водите на реката „Белчка“ во атарот на кичевското село Белица, поточно во речно подрачје кое е забрането за риболов и кое е под концесија на Спортско риболовно здружение од Кичево. Од него биле одземени четири рибарски мрежи што ги поставил во реката и улов од речна пастрмка.
На 26.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, Ф.М. (34) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неколку машки лица, при што едниот од нив употребил тврд предмет, а останатите лица му го оштетиле неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.07.2025 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, Е.Т.(46) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир, односно на семејна веселба испукал два истрели од гасен пиштол и употребил пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 26.07.2025 во 04.41 часот во Полициската станица Делчево, Н.И.(45) од с. Ветрен, делчевско, пријавил дека во својот дом бил физички нападнат од Д.А.(21) од Делчево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (27.07.2025) во 02.19 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 01.00 часот била опожарена штала во с.Радање, општина Карбинци, сопственост на С.А.(83), во која изгореле три грла добиток и 100 бали луцерка. Од Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат и за настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за утврдување на причините и за целосно расчистување на случајот.
Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат на место викано „Песокот“ во Неготино бил пронајден починат Д.К.(82) од Неготино, за кого на 21.07.2025 беше пријавено дека се оддалечил од семејниот дом. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.