На 26.02.2025 во 19.20 часот во с.Брвeница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле Х.В.(35) од Кавадарци. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 27.02.2025 во 00.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци. Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети. Во возилото во кое се превезувале било пронајдено одземеното, а лицата биле задржани во полициска станица. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.02.2025 во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Т.(22) и Д.Т.(22), двајцата од Куманово. Претходно, на ул.„Фетка Наскова“, тие не застанале на даден знак од полициски службеници и притоа фрлиле две тегли со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. Лицата се приведени, а при приведувањето ги нападнале полициските службеници. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.02.2025 во 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.02.2025 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Д.(51) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.02.2025 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.П.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.02.2025 во 20.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М.(22) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 26.02.2025 во 22.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.С.(21) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 26.02.2025 во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на 25.02.2025 околу 17.15 часот на ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола, при изведување градежни работи биле пронајдени неексплодирани гранати. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал гранатите, при што било констатирано дека станува збор за 145 артилериски гранати со калибар 75 мм., кои потекнувале од Првата светска војна.
На 26.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман'' со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско. Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Денеска (27.02.2025) во 01.00 часот во Полициската станица Драчево, М.Д.(57) од Скопје пријавил дека ул.„Румена Хаџи Панзова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.02.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Центар, М.И.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.02.2025 во 09.30 часот во Полициското одделение Сарај, П.С.(75) од Скопје пријавил дека во с.Долна Матка, скопско, бил каснат од куче скитник.
На 26.02.2025 во 11.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, К.Д.(37) од Скопје пријавила дека на ул.„Нов живот“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 26.02.2025 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека група планинари од Чешка Република, кои се наоѓаат на Шар планина, во близина на границата со Р.Косово, бараат помош затоа што еден од нив, Ј.С., имал повреда на ногата. Веднаш било постапено по пријавата и била испратена екипа за спасување со ратрак и во 18.10 часот лицата биле пронајдени и вратени во Попова Шапка, од каде што повредениот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар Тетово за укажување лекарска помош.
На 26.02.2025 во 16.20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.М.(19) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихиана и други предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 26.02.2025 во 19.25 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.И.(29) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со траги од растителна материја и други предмети со остатоци од марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 26.02.2025 во 21.30 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ѓ.К.(43) од Богданци, затоа што во негова близина била пронајдена и одземена прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово целосно документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.02.2025 во 15.45 часот на ул„Ердован Шабаноски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Д.С.(36) од Прилеп. При преглед во возилото „фолксваген поло” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
Нa 26.02.2025 во 16.30 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.А.(23) и С.А.(23), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.02.2025 во 17.30 часот во с.Кучково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Т.(51) и М.Т.(50), двајцата од с.Волково, скопско. На место викано „Јањовски забел“ во атар на село Кучково, тие биле затекнати при бесправна сеча на огревно дрво. Од нив биле одземени моторни пили и други предмети поврзани со делото и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 25.02.2025 во 21.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.55 часот во с.Петровец, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Т.Т.(82) од с.Петровец. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.
На 26.02.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од К.А., кој го уценувал и му барал пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.02.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје, Е.Р.(42) од Скопје пријавил дека околу 18.20 часот на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.02.2025 во 15.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека Ј.И.(26) од Скопје, за која на 19.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот, пратила порака на семејството дека не е исчезната и дека се наоѓа во Нови Сад, Република Србија.
На 26.02.2025 во 17.50 часот во Полициската станица Центар, Д.Ш.(43) од Кавадарци, пријавил дека на ул.„9-ти Мај“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.02.2025 во 20.45 часот во Полициската станица Бит Пазар Е.Р.(20) од с.Нерово, крушевско, пријавила дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 26.02.2025 во 11.30 часот, М.В.(19) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 26.02.2025 во 18.40 часот во СВР Куманово, Н.Ј.(23) од Куманово пријавил дека на бул.„Октомвриска револуција“ бил каснат од куче скитник.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(28) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба’’. Во периодот од 12.01.2025 до 14.01.2025 во Крива Паланка, пријавениот влегол во два објекти и одзел повеќе предмети.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(48) од с.Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 03.01.2025, пријавениот влегол во магацин на продажен објект во с.Долна Бањица, гостиварско, физички ја нападнал вработената и одзел производи.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(26) и И.Б.(31), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. На 14.11.2024 во Тетово, во стан во кој привремено живееле пријавените, првопријавената физички го нападнала таткото на второпријавениот, по што настанала меѓусебна физичка пресметка.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ. Ш. (34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда при вршење на семејно насилство’’. На 25.01.2025 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал својот татко и му нанел повреда.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Ш.(57) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство’’. На 04.12.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ц.(45) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга, а притоа оштетил и дел од покуќнината.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.А.(48) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. Пријавениот не постапил согласно решение од Основен суд Виница, со кое му била изречена привремена мерка на заштита, и продолжил да упатува закани на својата 42-годишна сопруга.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ј.(77) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 11.07.2024 во Битола, полициски службеници извршиле претрес во објект каде што престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол „Чешка зброевка“ и куршуми со различен калибар.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Р. О.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.08.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С. (25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.02.2023 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и гранки од растението канабис.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.П.(51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на јули 2023 година, пријавениот, во својство на полициски службеник во СВР Тетово, на три лица кои вршеле транспорт на огревни дрва во товарни моторни возила им праќал пораки на мобилните телефони со содржина дека ќе има контроли од негови колеги на автопатот од Кичево кон Скопје и на тој начин го извршил делото.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Н.(56) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, пријавениот изградил барака со панели во с. Мала Речица, тетовско. без претходно да ја обезбеди потребната документација за градба според Законот за градење.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.С.(62) од Гостивар и против Б.В.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ,,бесправно градење’’. Во периодот од ноември 2024 година до февруари 2025 година на катастарска парцела во Гостивар, сопственост на пријавените, ,изведувале градежни работи без претходно одобрение за градење издадено од општина Гостивар.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Д.(51) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење’’. Во текот на октомври 2024 година на катастарска парцела во с.Балин дол, гостиварско, пријавениот вршел градежни активности без да поседува одобрение за градба.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Џ.К.(52) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Нa 21.01.2025 на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за товарното возило кое го управувал.