СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б.(20), сите државјани на Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 03.05.2025 во Скопје, пријавените физички нападнале возач на такси возило со кое се превезувале, при што му го одзеле мобилниот телефон.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар и против правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама.“ На 27.12.2017, првопријавениот - сопственик на второпријавеното правно лице, склучил и потпишал купопродажен договор за стан опишан како компензација со правно лице од Гостивар. Истиот стан на 27.10.2020 повторно го продал на друго лице од Гостивар, а претходниот купувач кога се обидел да влезе забележал дека е променeта бравата и дека станот е опремен за живеење.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Н.(27) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурноста“. На 19.04.2025 во село Истибања, виничко, првопријавениот се обидел физички да го нападне со остар предмет Т.С., а подоцна му упатувал закани по живот на мобилна апликација.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.04.2025, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреда.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Ф. и А.И., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,криумчарење на мигранти”. На 11.05.2025 на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, пријавените биле затекнати како со патничко возило „ауди“ превезуваат осум лица мигранти (шест од Непал и двајца од Индија).
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во државно земјиште, пријавената поставила метална конструкција и оградила место со цел да го користи како магацин, без претходно да обезбеди соодветна документација од општина Битола.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(58) и Ш.С.(34). двајцата од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“. На 17.01.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што е пронајден и одземен список на клиенти за IPTV канали и листа со клиенти за IPTV канали. Додека, во телефонот на првопријавениот се пронајдени слики со кориснички имиња за IPTV канали и налози за примање на парични средства од неколку фирми за брз трансфер на пари, кориснички панел за IPTV канали, конфигурации и детали за сите корисници.
На 25.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.Р.(20) од с.Кадино, скопско, М.О.(43) и Е.Г.(26), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 25.05.2025 околу 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(76) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.П.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 25.05.2025 во 12.50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат с.Смоквица-с.Прдејци, гевгелиско, патничко возило „даеву матиз“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.С.(43) од с.Ѓавато, општина Богданци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С. и нејзиниот сопатник К.С.(45), констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
На 25.05.2025 во 08.55 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Буковска“ во Битола, патничко возило удрило во влезната врата од главниот влез на археолошкиот локалитет „Хераклеа Линкестис“ и ја оштетил, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.05.2025 во 20,10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Б.М.(34), постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз 14-годишно девојче од истото село. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.05.2025 во 22 часот во СВР Скопје, К.Ф.(40) од Скопје пријавил дека на 24.05.2025 околу 23.30 часот во с.Стајковци, скопско, бил физички нападнат од четири лица, кои му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (26.05.2025) во 00.30 часот во ОВР Радовиш, од Здравствен дом Радовиш е пријавено дека кај нив со повреди е донесен П.Б. (29) од Радовиш. Според пријавеното, позади угостителски објект во Радовиш, едно лице со остар предмет му нанел повреди на П.Б.. и го напуштил местото. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.05.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Ф.(32) и 17-годишник, двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.05.2025 во 13.25 часот во СВР Скопје, Т.М.Н.(46) од Скопје пријавила дека на стадион на подрачјето на општина Аеродром, за време на спортски натпревар, била физички нападната од Д.Т.(39). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.05.2025 во 11.42 часот во СВР Скопје, П.Ж.(70) од Скопје пријавила дека околу 00.00 часот на подрачјето на општина Аеродром била нападната од нејзин сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.05.2025 во 22.20 часот во СВР Скопје, С.О.(29) од с.Палиград, скопско, пријавил дека околу 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Г.А.(59) и Ф.Г., двајцата од Скопје, роднини на неговата девојка, кои притоа му го оштетиле и мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (26.05.2025) во 01.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на А.З.(60), кој се здобил со изгореници при обид да го изгасне пожарот. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.