На 25.02.2025 во 16.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(34) од Тетово. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол и куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, прпотив него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.02.2025 во 21.00 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.П.(24) и С.Н.(24), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Д.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 15.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 20.45 часот во с.Соње, скопско , полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(40) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 11.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и шприц со течност. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 17.00 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 08.12 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при обиколка на затворот околу надворешната страна на ѕидот биле пронајдени едно пакување со марихуана и едно пакување со грутчеста материја. Полициски службеници од СВР Штип ја подигнале дрогата за понатамошна постапка.
На 25.02.2023 во 21.05 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.З.(21) од Штип, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.
На 25.02.2025 во 11.45 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Г.Ш.(26) и Н.М., двајцата од с.Синичане, тетовско. Полициски службеници дале знак за запирање на возилото „опел“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Г.Ш., а сопатник бил Н.М., но Г.Ш. не застанал и притоа од возилото фрлил марихуана, која била пронајдена и одземена. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 06.40 часот на патот Кавадарци - Дреново, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Р.(27) од Кавадарци. При контрола во возилото, кое го управувал, било утврдено дека превезувал огревно дрво без документација. Дрвата и возилото биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.
На 25.02.2025 околу 06.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон с.Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 25.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(47) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 25.02.2025 во 13.50 часот во Полициската станица Аеродром, М.Б.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 25.02.2025 во 09.20 часот во Полициската станица Карпош, И.М.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Струма“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 25.02.2025 во 15.00 часот во Полициската станица Чаир, С.К.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонско- Косовска бригада“ во Скопје, нејзиниот син Н.К.(29) бил каснат од куче скитник.
На 25.02.2025 во 21.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Џ. од село Черкези, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.С.(32) од Кичево и против правно лице од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“. При контрола извршена на 06.02.2025 на градежна површина со објект во изградба на улица „Тане Цалески“ во Кичево, градежен инспектор при општина Кичево констатирал дека пријавената А.С. и правниот субјект, како инвеститори, спротивно на Законот за градење и претходно дадените одобренија за градење, извршиле противправна доградба на три ката од градбите и над дозволената висина, по што градежниот инспектор го затворил градилиштето. При повторна контрола, извршена на 07.02.2025, било констатирано дека поставениот службен знак и службените ленти било отстранети, а на 11.02.2025, при повторна контрола на затвореното градилиште, биле затекнати работници кои вршеле градежни работи.
На 25.02.2025 во 18.33 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена И.М.(36) од с.Четирце, кумановско. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во угостителски објект на подрачјето на Карпош. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и за настанот бил известен трудов инспектор.
На 25.02.2025 во 11.00 часот во трговски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Џ.К.М.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10.30 часот физички ја нападнала З.Р.(45) од с.Глуво, скопско, додека била на своето работно место. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.02.2025 во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.02.2025 во 13.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б.(60) и С.О.Б.(59), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот, во автобус на ЈСП физички го нападнале С.М.(51) од Скопје додека извршувал работни задачи како возач на автобус во ЈСП. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.02.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје, Т.Ј.(49) од Градско, велешко, пријавил дека околу 18.45 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Карпош, неговата 16-годишна ќерка од с.Градско, со престој во Скопје, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.02.2025 во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал. Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 26.02.2025 во 00.20 часот во СВР Скопје, М.К.(20) од Скопје пријавил дека околу 23.30 часот на работното место во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од две лица- гости во објектот, кои употребиле тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.02.2025 во 21.20 часот во СВР Скопје, Ј.Д.(62) од Скопје пријавила дека околу 20.00 часот пред продажен објект на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, М.У.(27) од Скопје пријавила дека околу 18.30 часот на подрачјето на Карпош нејзината малолетна ќерка била физички нападната од А.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.02.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, У.М.(27) од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот девер Б.У. бил физички нападнат од А.К.. Таа и нејзиниот сопруг О.У. се обиделе да ги разделат, при што А.К. ја удрил нивната малолетна ќерка, која таа ја држела во раце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.02.2025 во 16.20 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во установата починал осуденикот Џ.Х.(44) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на с.Танушевци, скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци забележале возило комби со косовски национални ознаки. Притоа, две лица од комбето го напуштиле местото и заминале кон границата со Косово. При преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација. Возилото со производите било предадено во Полициското одделение Арачиново за понатамошна постапка.
На 26.02.2025 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување на деца - Организационата едница Козле било пријавено дека во установата се вратил нивниот штитеник И.И.(14) од Битола, за кого на 24.02.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата.
На 25.02.2025 во 21.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ѓ.(39) од Скопје пријавила дека на бул.„12-та Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.02.2025 во 15.30 часот во Полициската станица Гази Баба, И.М.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.