Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 25.02.2025

На 24.02.2025 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(35) од Куманово. При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени шприц со кафеава течност и прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 24.02.2025 во 15.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Г.(18) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, предмети со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против К.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

На 24.02.2025 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.А.(31) од село Ваксинце, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 24.02.2025 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(39) од Куманово затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Љ.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 24.02.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 24.02.2025 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.В.(41) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 24.02.2025 во 11.22 часот во СВР Битола, В.С. пријавил дека при изведување градежни работи на ул.„Батаљон Стив Наумов” во Битола биле пронајдени 206 артилериски гранати калибар 75 мм, кои потекнуваат од Првата светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.

 

Денеска (25.02.2025) во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

               

На 24.02.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот П.Р.(72) од Скопје, по што возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на П.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.02.2025 во 09.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ц.Н.(80) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје била касната од куче скитник.

 

На 24.02.2025 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Ж.С.(59) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека на ул.„1“ во с.Јурумлери била касната од куче скитник. 

 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.Г.(56), Б.Г.(60), Р.Ф.(56) и Л.М.Н.(46), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на службена положба и овластување’’ и ,,соизвршителство’’. Второпријавениот Б.Г., вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во Струмица и претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, заедно со трето и четвртопријавените, вработени во истото претпријатие и членови на комисијата, во текот на 2021 година спровеле постапка за јавна набавка на стоки - полимер за потребите на пречистителна станица за отпадни води. Од четири пријавени економски оператори, понудата на еден економски оператор од Скопје била со невообичаени ниски цени за одредени стоки, за што не побарале писмено објаснување, предвидено со Законот за јавни набавки и дале предлог да се одбере понудата од тој оператор. Првопријавениот З.Г. - директор на претпријатието, бил должен да изврши увид дека постапката не била спроведена во согласност со Законот за јавни набавки, но не го сторил тоа и донел одлука за избор на најповолен понудувач, склучиле договор и на економскиот оператор од Скопје му биле исплатени 1.241.699 денари за набавка на стоки за кои што во понудата доставил значително висока цена, додека стоките за кои понудил ниска цена не биле набавени.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Г.Г.(59) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Nа катастарска парцела во дебарската населба Венец, тој неовластено присвоил државно градежно земјиште во вкупна површина од 2385 метри квадратни и поставил бодликава жица. Со тоа, пријавениот противправно се стекнал со имотна корист во износ од околу 4.722.300 денари.

 

На 24.02.2025 во 14.54 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21.20 часот во женското одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.02.2025 во 18.00 часот во ОВР Гостивар, 42 - годишник и 58 - годишник, двајцата од Гостивар, пријавиле дека биле измамени од Џ.С.-сопственик на правен субјект за градежништво од Гостивар. Според пријвеното, тој на двајцата им продал ист стан во зграда во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.02.2025 во 13.20 часот во с.Варвара, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле М.Р.(13) од Скопје, за која на 23.02.2025 незјината мајка Е.Р.(52) од Скопје пријави дека се оддалечила од домот. Девојчето било предадено на нејзината мајка.

 

На 24.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца пријавила дека од Организационата единица Козле се оддалечил нивниот штитеник И.И.(14) од Битола, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 24.02.2025 во ОВР Гостивар, П.С.Г.(23) од Гостивар пријавила дека на улица ,,101“ во Гостивар била нападната од повеќе кучиња и при обид да избега паднала и се здобила со повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.

 

На 24.02.2025 во 16.30 часот во СВР Битола, М.К.(31) од Битола пријавил дека на ул.„Партизанска“ во Битола бил каснат од куче скитник.

 

На 24.02.2025 во 19.00 часот во ОВР Македонски Брод, Д.С.(44) од Македонски Брод пријавил дека на ул,,Маршал Тито“ во Македонски Брод бил каснат од куче скитник.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(34) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 19.11.2024 во село Суводол, пријавениот овозможил на друго лице да користи марихуана, која била пронајдена и одземена.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.02.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и пари. Од судија на претходна постапка при Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во време траење од 30 дена.

 

СВР Штип поднесе известување против Д.Н.(18) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.06.2024, полициски службеници извршиле преглед над малолетник, при што била пронајдена и одземена марихуана која пријавениот му ја продал. Подоцна, при претрес кај пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.

Мени за пристапност