Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 24.05.2025

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.К.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени засадени стебла и семки од растението канабис.

 

На 23/24.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишија од слобода А.И.(31) од с.Марино, скопско, Д.Р.(40) од Штип, С.К.(42) од с. Драчевица, скопско, Е.Ј.(19) и А.К.(19) двајцата од Република Турција со престој во Скопје и А.И.(23) од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Н.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.01.2025 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.

 

На 23.05.2025 во 18.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ и бул.„8 Септември“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(47) од Скопје, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, возачот и неговата сопатничка А.Н.(32) од Скопје починале на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се предадени во Судска медицина на обдукција.

 

На 23.05.2025 во 22.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(42) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрил во заштитна ограда. После тоа, М.В.(44) од с.Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило „рено мастер“ и е пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 01.30 часот на 24.05.2025 починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.03.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 23.05.2025 околу 17.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г.(31) од Битола и мотоцикл „веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.П.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Г.(46) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 02.03.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени таблети МДМА.

 

На 23.05.2025 околу 22.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(43) од Скопје и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.И.(35) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Б.А.(38) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 23.05.2025 околу 18.15 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(25) од Куманово и мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(30) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

 

На 23.05.2025 во 18.40 часот на Граничен премин - Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Н.Т.(47) од Република Турција затоа што при гранична контрола на увид приложил фалсификувана патна исправа. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.

 

На 23.05.2025 во 12.55 часот на улица ,,Никола Парапунов" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле В.С.(41) од Гостивар, која била била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од седум месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Таа е спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

 

На 23.05.2025 во 15.58 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локален пат с.Полаки-с. Мишино, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.А.(73) од Кочани, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде бил пренесен за укажување помош. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

 

На 23.05.2025 во 11.20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар, патничко возило удрило во пешакот Б.М.(76) од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото. Околу 17.00 часот пешакот заминал во Медицинскиот центар Гостивар, при што му се констатирани тешки телесни повреди. Запознаен бил Јавен обвинител и по негова наредба извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

На 26.05.2025 во СВР Тетово, 39-годишник од Тетово, управител во приватна компанија тетовско, пријавил дека биле измамени од за сума од 145.360 долари. Според пријавеното, по претходен договор, на сметка на фирма од Тајланд ги уплатиле парите, но по извесен период кога се појавил наводен проблем околу транспортот, констатирале дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.05.2025 во 20.25 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с.Нераште, А.И.(18), Е.Б.(21) и тројца малолетници, сите од с.Доброште. Претходно, А.Ј.(22) и Ф.М.(18), двајцата од с.Одри, тетовско, пријавиле дека на 22.05.2025 околу 23.00 часот на регионален пат с.Јажинце- Тетово, додека се движеле со патничко возило „бмв" со тетовски регистарски таблички, лицата со две возила им го блокирале патот, а откако побегнале биле следени и притоа слушнале истрели од огнено оружје. По преземени мерки кај с.Пршовце е пронајдена чаура од испукан куршум, а лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

 

На 23.05.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 17.300 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, лажно се претставило како полициски службеник и ја информирало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант кое починало. Според пријавеното, таа ги извадила парите од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.05.2025 околу 10.50 часот во СВР Скопје, К.В.(45) од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Чаир, пријавил дека во 10.20 часот во дворот на училиштето, а подоцна и пред училиштето бил физички нападнат од поранешен 15-годишен ученик во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 23.05.2025 во 21.10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, управуван од Н.Е.(51) од Прилеп, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница во Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

 

На 23.05.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, А.А.(45) од Скопје пријавила дека околу 11.00 часот на влезот на основно училиште на подрачјето на Центар во Скопје била физички нападната од С.П., вработен како обезбедување во училиштето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.05.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, Д.К.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од Б.Н.(64) од Скопје.

 

На 23.05.2025 во 22.40 часот во СВР Скопје, Л.П.(19) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (24.05.2025) во 01.30 часот, полициски службеници го привеле С.Н.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање за паркинг место, физички ги нападнал Ф.Н.(43) и нејзиниот сопруг И.Н.(43), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 23.05.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, Т.Г.(43) од Скопје пријавил дека околу 09.45 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица, од кои едниот го познавал. Според пријавеното, на 22.05. и на 23.05.2025 неговиот син на социјална мрежа добивал закани од ист профил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.05.2025 околу 18.20 часот во СВР Скопје, А.П.(47) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од едно лице, при што се здобил со повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.05.2025 во 08.50 часот во Полициската станица Берово, 18 - годишна девојка од Берово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.Д.(27) од Берово. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 23.05.2025 во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип настанала експлозија од плинска боца во стан сопственост на П.Р.(70), при што од притисокот врата и прозорец биле исфрлени од станот и паднале врз паркирано патничко возило „југо“. Од експлозијата сопсветничката се здобила со повреди  и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

Мени за пристапност