Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 24.02.2025

На 23.02.2025 во 17.15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ј.(44) од Велес. Тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во куќа во Велес и одзел пари и мобилен телефон. Кај него било пронајдено одземеното и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 23.02.2025 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.М.(25), Ј.Б.(16), Р.М.(23), Ф.Ј.(24), А.Н.(22) и И.А.(20), сите од Скопје, затоа што при преземање мерки во нивна близина била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 23.02.2025 во 14.30 часот на улица „Питарница“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.С.(21) и А.С.(21), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

На 23.02.2025 во 12.00 часот на улица „Балиндолска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле С.С.(58) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. 

 

На 23.02.2025 во 18.38 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Ш.(20) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

 

На 23.02.2025 во  17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај с.Лознани, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,„фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.М.(50) од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуванo од И.С.(26) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола, додека возачот А.М, сопатниците во возилото „голф“ - Џ.М. и малолетник од Битола, како и Х.Т.(25) од с.Староец, кичевско, се здобиле со телесни повреди. Увид на местото  извршила увидна екипа на СВР Битола. 

 

На 23.02.2025 во 16.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ѓ.З.(51) од Скопје пријавила дека на ул.„Хаџи Јован Шишко“ во Скопје била касната од куче скитник.

 

На 23.02.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Центар, Х.К.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Св.Кирил и Методиј“ во  Скопје бил каснат од куче скитник.

 
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.Б.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола на улица „Иса Болетини“ во Дебар, полициските службеници констатирале дека тој со патничко моторно возило „фолксваген пасат“ врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Х.(49) и Л.Х.(27), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 31.01.2025 во Струга, пријавените физички го нападнале Љ.И.(52) од Струга, по што веднаш биле лишени од слобода.

 

На 22.02.2025 околу 01.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го привеле Џ.Д.(46) од Косово затоа што при гранична проверка на увид приложил туѓ личен документ. Лицето било изведено пред судија, кој изрекол глоба и мерка – забрана за влез во државата во период од една година.

 

На 23.02.2025 во 19.30 часот во СВР Куманово, М.М.(41) од Куманово пријавила дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од с.Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче. Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи. Како што е пријавено, таа се породила на 18.02.2025, а на 20.02.2025 излегла од болница и била пречекана од А.М. и А.М., кои и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив. Исто така, според пријавеното, на 21.02.2025 таа го оставила бебето во нивниот дом и А..М.(39) и дал пари, а кога побарала на 23.02.2025 да си го земе бебето, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив. На 24.02.2025 околу 01.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода сопружниците. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

 

На 23.02.2025 во 18.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал својата 51-годишна сопруга и нивната 22-годишна ќерка и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 23.02.2025 во 19.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Ј.(52) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Додека, пак, истиот ден во 22.38 часот, С.Ј. пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.02.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, 56-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот брат А.М., нејзината снаа Б.М. и нејзиниот внук. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.02.2025 во СВР Скопје, Н.С.(22) од с.Миладиновци, скопско, пријавил дека околу 05.00 часот на игралиштето во с.Миладиновци, скопско, бил физички нападнат од А.Т. и С.Т.- женско лице, двајцата од с.Марино, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 23.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 21.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(19) и А.Д.(31), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 23.02.2025 во 20.08 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на паркинг во близина на градскиот плоштад во Свети Николе настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со германска национална ознака, сопственост на Т.Ш.(53) од Свети Николе. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. 


На 23.02.2025 во 21.40 часот, А.Р.(18) од Скопје се пријавила во Полициската станица Бит Пазар, откако на 22.02.2025 нејзиниот татко Б.Р.(41) од Скопје пријави дека се оддалечила од домот.

 

На 23.02.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(52) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М.Р.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 23.02.2025 во 08.30 часот во СВР Тетово, Б.Ј.(48) од Тетово пријавил дека на улица „Љубо Божиновски Пиш“ бил каснат од куче скитник.

 

На 23.02.2025 во 16.00 часот во СВР Битола, Љ.М.(45) од Битола пријавил дека во Брусничка населба во Битола, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

 

СВР Битола поднесе известување против двајца малолетници од Прилеп и еден малолетник од општина Кривогаштани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво’’. На 31.01.2025 во Прилеп, пријавените физички нападнале друг малолетник и со закана со пиштол му одзеле личен накит.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Д.(37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 01.01.2025 во домот на К.Т. во Прилеп, пријавениот со нож им се заканувал на К.Т. и на неговата сопруга.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(42) од с.Пршовце, тетовско, вработен во Центарот за социјални работи Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против А.Х.(45), Б.И.(45), Т.С.(62), Д.О.(59), сите од Тетово и Б.А.(46) од с.Боговиње, тетовско, сите вработени во Центарот за социјални работи Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење на служба“ и против уште едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“. На 17.07.2022, првопријавениот изготвил записник, со што овозможил незаконска ретроактивна исплата во износ од 289.495 денари на сметка на едно лице од Тетово. Второпријавениот пропуштил должен надзор, односно овозможил да се користи неговата шифра од вработените во центарот. Третопријавениот, со ставање на неговата шифра на располагање на други вработени, овозможил нејзина злоупотреба, односно од неа да се пуштат наведените парични средства. Четврто и петтопријавените овозможиле на вработените да го користат службениот печат односно да го злоупотребат со ставање печат на фалсификувани документи. Шестопријавениот, во својство на директор во Центарот, не покренал постапка за утврдување на одговорност за противправно остварување на правото на социјална сигурност на стари лица на подносителот. Додека, пак, седмопријавениот ставил потпис и печат на решението во име на лице кое веќе било во пензија. 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(26), Р.С.(32), двајцата од Скопје, Е.Р.(20) и Е.С.(33), двајцата од општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори’’. На 18.02.2025 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, во чија близина биле пријавените, при што биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Е.(33) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори’’. На 01.07.2024 во Гостивар, полициски службеници го затекнале пријавениот како врши продажба на кокаин на едно лице.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.А.(32), осуденик во Казнено - поправната установа Затвор Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. Во октомври 2024 во затворот во Штип, пријавениот на друг осуденик му овозможил да користи хероин.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.А.(26) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. и ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурзори’’. На 16.12.2024 на наплатна рампа Сопот во Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат“, при што го затекнале пријавениот со уште едно лице при користење марихуана. Подоцна, на 17.12.2024, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.В.(33) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 08.03.2024, пријавениот на едно лице од Велес му продал марихуана, а подоцна на друго лице му продал амфетамин и таблета метилен диоксиметамфетамин, кои биле пронајдени и одземени.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Л.С.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.В.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 06.11.2024 во с.Волково, скопско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 11.02.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Г.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.11.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.М.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.10.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.И.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.09.2024, полициски службеници извршиле преглед над едно лице од Штип, при што била пронајдена и одземена марихуана која ја набавил од пријавениот, додека на 05.10.2024 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „хјундаи“ и кај друго лице од Штип бил пронајден и одземен амфетамин кој го набавил од пријавениот.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 24.12.2024, овластен градежен инспектор извршил надзор на катастарска парцела во с.Љубаништа, охридско, при што било констатирано дека на парцелата имало две нелегални градби, за кои пријавениот не поседувал одобрение за градење од надлежен орган.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ј.(44) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 05.01.2025 полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека регистарските ознаки се од друго патничко возило.

 

СВР Штип поднесе известување против А.В.(13) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 07.02.2025 во Пехчево, пријавениот физички нападнал малолетник.

Мени за пристапност