Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 23.05.2025

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Н.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(39), Ф.А.(37) и С.Д.(40), сите од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во периодот од 2015 до 2018 во Кичево, пријавените како инвеститори граделе спротивно на одобрение за градење издадено од општина Кичево, при што причиниле материјална штета од околу 1.316.765 денари на сметка на буџетот на општина Кичево, за износот на неуплатени комунални давачки.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(31) од Грузија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.10.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.10.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(61) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2025 во с.Липец, пријавениот управувајќи трактор удрил во паркирано возило сопственост на С.С., на кој подоцна со остар предмет му упатувал закани.
       
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.08.2024 година во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(50) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во периодот од август до октомври 2024 на две катастарски парцели, пријавениот изведувал градежни работи, односно изградил куќа со деловни и станбени простории без претходно одобрение за градба издадено од надлежен орган.                                                                                                
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Р.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 06.10.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол и куршуми калибар 9 мм.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(26) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 21.11.2024 во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.  

На 22.05.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(28), А.Т.(48), Р.В.(18), Б.К.(23), Д.С.(37) и 17-годишник, сите од Скопје, како и А.Џ.М.(19) од Република Турција, со престој во Скопје и Р.А. (24) од Сирија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземена марихуана, прашкаста и бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 22.05.2025 во 15.00 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.С.(33) од с.Романовце, кумановско и Д.В.(35) од Куманово. При преглед во патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., пронајдена и одземена е бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.05.2025 околу 09.00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат  Градско-Прилеп, на делница Градско-Фариш, патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.С.(73) од Струмица, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

На 22.05.2025 околу 20.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(50) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(18) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

На 22.05.2025 во 11.50 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники ,,Мајка Тереза'' Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен В.Т.(23) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал градежни работи во фирма на подрачјето на Карпош. Известен бил трудов инспектор.

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава  против Џ.Н.(32) од Велес и Ј.Ф.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. На 26.01.2025 околу 12.00 часот, првопријавениот влегол во домот на А.К.(55) од Кавадарци и одзел 176.000 денари и 10 литри ракија, а второпријавениот му помогнал во извршувањето на кривичното дело на тој начин што му кажал дека во домот нема никој и дека влезната врата е отворена. Џ.Н. му дал дел од одземените пари на Ј.Ф., а ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде била пронајдена.

На 22.05.2025 во 18.45 часот во СВР Скопје, Р.А.(70) од с.Арачиново, скопско, пријави дека околу 18.00 часот во неговиот двор паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило ветробранското стакло на патничкото возило „мерцедес“ сопственост на неговиот син И.А.. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

На 22.05.2025 во 17.15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.М.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17.00 часот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал М.М.(37) од Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.05.2025 од косовските погранични служби е известено дека на територија на Косово се пронајдени двете лица-државјани на Сојузна Република Германија и  Кралство Холандија, за кои Интерпол Германија на 21.05.2025 пријави дека се изгубиле додека планинареле во близина на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово.

На 22.05.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, 56-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга Е.Ф.(51) од Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.05.2025 во 20.28 часот во СВР Скопје, А.М.(30) од село Горно Свиларе, скопско, пријавил дека во 18.05 часот во неговиот двор, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, М.М. и И.М. упатувале закани по живот на неговиот брат А.М.(39) и неговото семејство, при што со тврди предмети оштетиле објект во дворот. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 22.05.2025 во 20.20 часот во СВР Скопје, Ш.С.(48) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила од неговиот малолетен син одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на слуачајот.  

На 22.05.2025 во 21.11 часот во СВР Скопје, Д.С.(38) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека околу 20.50 часот на автобуска постојка во с.Кучевиште бил физички нападнат од И.К.(48) од с.Кучевиште и Р.Ж.(33) од с.Бразда,  скопско. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(35) од Република Албанија, со привремен престој во Охрид и против А.Ш.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а против С.Г. и за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.  Пријавените набавиле кокаин за продажба на наркозависници, од кој дел е пронајден и одземен при контрола во патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, извршена на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, управувано од лице од Охрид.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ш.(56) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи” по член 396 од Кривичниот законик. На 20.05.2025, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол „Взор“ калибар 7,65 мм, 52 куршуми со калибар 7,65 и 7,62 мм, кои ги поседувал без документација.

На 22.05.2025 во 17.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж пријави дека околу 13.15 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода, едно лице ја допирало по телото неговата малолетна ќерка, а откако го турнала продолжил сам да се допира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност