Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 23.02.2025

На 22.02.2025 во 13.00 часот во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле З.С.(28) од Гостивар. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

 

Денеска (23.02.2025) во 02.30 часот во ноќен клуб на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(40) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (23.02.2025) во 02.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода И.С.(18) од Струмица затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (23.02.2025) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.02.2025 во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.02.2025 во 13.40 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од с.Трубарево затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.02.2025 во 17.35 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.02.2025 во 22.40 часот на патот за с.Ротино, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.А.и Ј.Ш., двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.02.2025 во 21.30 часот на регионален пат Тетово – Скопје, пред с.Сараќино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода А.А(19) и А.М.(21) од с.Шемшово, А.Ј.(18) од с.Слатино, тетовско и малолетник од с.Палатица затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и боксирач. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 23.02.2025 во 02.10 часот на улица „Рудничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода П.Н.(24) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.02.2025 во 10.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на депонија во с.Мегленци, општина Новаци, била пронајдена неексплодирана граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 75 мм која потекнува од Првата светска војна. Извршен бил увид.

 

На 22.02.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.35 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од с.Романовце, кумановско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.А. (48) од Скопје. Во нерсеќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во приватна болница во Скопје, додека Д.П.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 22.02.2025 во 21.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.З.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Г.(43) и Н.М.(45), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.02.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, каде бил затекнат и второпријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 22.02.2025 во 12.35 часот во атар на с.Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци. Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.02.2025 во 11.30 часот во СВР Скопје, Е.П.И.(37) од Скопје пријавила дека во нејзиниот двор на подрачјето на Кисела Вода пронашла заталкано зрно од огнено оружје . Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 22.02.2025 во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.Н.(62) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.О.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

Денеска (23.02.2025) во 03.20 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.И.(55) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на својата 50-годишна сопруга и нивниот син С.И.. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.02.2025 во 20.10 часот на Градскиот плоштад во Пехчево, полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево го привеле К.Д.(28) од Пехчево затоа што се однесувал агресивно кон нив додека извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.02.2025 во 22.28 часот во СВР Скопје, 43-годишен маж од скопско село пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од својот брат Н.Ч.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.З.(31) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.11.2024 во Гостивар, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

Денеска (23.02.2025) во 03.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во периодот од 20.00 часот на 22.02.2025 до пријавувањето, со употреба на сила и погоден алат било влезено во златарница во Градскиот трговски центар во Кочани и биле одземени накит и часовници. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено - поправната установа Затвор Штип со знаци на труење бил донесен осуденикот Е.А.(21) од Штип, кој по кратко време починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

На 22.02.2025 во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Б.(41) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка А.Р.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Мени за пристапност