Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 22.02.2025

На 21.02.2025 во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(37) од Тетово. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири тегли со марихуана, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 21.02.2025 во 16.00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода М.М.(25) и С.М.(20) од Богданци и М.С.(18) од село Црничани општина Дојран. При преглед на патничко возило „опел“ со гевеглиски регистарски ознаки, управувано од М.М., кај сопатниците С.М. и М.С. била пронајдена марихуана. Подоцна, со наредби од Основен суд Гевгелија, биле извршени претреси во домовите на лицата, при што во домот на М.М. и С.М. биле пронајдени марихуана и грендер. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 21.02.2025 во 21.00 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Р.В.(37) од с.Доброште затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.02.2025 во 21.10 часот на езеро Младост во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода В.В.(29) од Велес. При контрола на патничко возило, во кое бил сопатник, кај него била пронајдена зелена растителна материја и дробилка. В.В. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (22.02.2025) во 00.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.02.2025 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(36) од Виница затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.02.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2025 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д (22) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.02.2025 во 23.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.И.(30) од с.Ваксинце, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.02.2025 во 20.20 часот на ул.„Козјак" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода О.Ј.(27) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.02.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на влез во установата, при претрес кај осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони. Додека, при извршен преглед во возилото со кое пристигнале, биле пронајдени марихуана и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.02.2025 во 21.00 часот кај с.Русјаци, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишиле од слобода Џ.Ф.(37), Б.Б.(43) и И.К.(35), сите од с.Пласница, општина Македонски Брод. При контрола на товарно возило „ман“ со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од Б.Б., а сопственик бил И.К., било констатирано дека испратницата за огревното дрво, кое го превезувале, била фалсификувана и дека возачот не поседува лиценца за вршење јавен превоз. Дрвата биле предадени на шумска полиција и по документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 21.02.2025 во 06.43 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во кругот од установата биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.02.2025 во 20.15 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.А.(33) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од 16 месеци. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржувањена казната.

 

На 21.02.2025 во 14.45 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода К.М.Ц. (52) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за товарно возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 21.02.2025 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Ј.(28) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.02.2025 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Д.(22) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.02.2025 во 08.40 часот во ОВР Гостивар, С.А.(62) од Гостивар пријавил дека на улица ,,Беличица" бил каснат од куче скитник.

 

На 21.02.2025 во 10.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ж.Б.(76) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„22“ во с.Волково бил каснат од куче скитник.

 

На 21.02.2025 во 13.35 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Ц.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Марко Цепенков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.Ч.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.02.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени марихуана, амфетамин и нож.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2025 во Врапчиште, гостиварско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и над патничко возило „форд фиеста“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле кокаин.

 

На 21.02.2025 во 14.40 часот полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода Т.И.(18) од село Пепелиште, неготинско. Тој се сомничи дека на дива депонија кај место викано „Штипско рамниште“, атар на село Пепелиште, на неколку места предизвикал пожар. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 21.02.2025 во 11,05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кеј „Македонија“, во водите на Охридското езеро, била пронајдена неексплодирана бомба. Претставник на Дирекција за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата, а увид извршила екипа од СВР Охрид.

 

На 21.02.2025 во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко возило „сузуки“ со радовишки регистарски ознаки, на С.Ѓ.(70) од село Воиславци, радовишко, му се слошило и починал, по што со возилото излетало од коловозот и удрило во столб и паркирано патничко возило „форд“. Лекар од Итна медицинска помош Радовиш констатирал смрт кај возачот, која настанала како последица на срцев удар. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

 

На 21.02.2025 во 11.42 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено декај нив со тешки телесни повреди бил донесен Л.Д.Л.(21) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Кисела Вода. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.В.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

 

На 21.02.2025 во 13.00 часот во ОВР Пробиштип, 56 – годишна жена од Пробиштип пријавил дека бил измамена од едно лице за сума од 1.434.000 денари. Според пријавеното, на почетокот на јануари 2025 година лицето телефонски стапило во контакт со неа и ја известило дека е по потекло од Штип, дека живее во Велика Британија и дека во неговата агенција стигнал документ со кој се потврдува дека таа е наследник на 590.000 евра, кои биле во криптовалути и доколу сака да ги земе ќе мора да плати одредена сума на пари. Како што е пријавено, лицето ја убедило да инсталира неколку апликации на мобилниот телефон и да подигне кредит од финансиско друштво од 250.000 денари, кои веднаш ги преземал преку една од апликациите со која имал контрола над нејзиниот телефон. Исто така, според пријавеното, на почетокот на февруари, таа извадила извод од банка и констатирала дека преку електронско аплицирање, а без нејзино знаење и одобрение, биле подигнати два кредити од банката во вкупен износ од 1.184.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.02.2025 во 01.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.02.2025 физички нападнал 28 - годишна девојка од Скопје и извршил обљуба врз неа. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 21.02.2025 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници ги привеле Б.Б.(27), 40 - годишната А.М. и нејзиниот 17-годишен син, тројцата од Скопје и Г.С.(32) од Виница затоа што претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.02.2025 во 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, Г.Ц.(50) од Скопје бил физички нападнат од Б.Х.(42) од с.Визбегово, скопско, кој употребил и тврд предмет. По документирање на случајот ќе следува соодетен поднесок.

 

На 21.02.2025 во 22.15 часот во СВР Скопје, Џ.Б.(34) од Скопје пријавила дека околу 21.15 часот на подрачјето на Центар, две машки лица физички ја нападнале и ѝ одзеле ранец со паричник и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност