СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Д.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.06.2025 во Полициската станица Аеродром во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.Ј.(62) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 04.06.2025 во семејниот дом во с.Железна Река, гостиварско, по претходно меѓусебно недоразбирање, пријавениот со остар предмет упатувал закани кон М.Д.(63).
СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето А.С.(34) од с.Дебреште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“ и „лажно пријавување на кривично дело“. На 20.05.2025, пријавениот пријавил дека во спортска обложувалница во с.Ропотово, општина Долнени, едно лице ги оштетило апаратите за игри на среќа и одзело пари. Но, по преземени мерки и активности било констатирано дека пријавениот лажно пријавил, односно дека тој го сторил делото со со подесен алат.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против О.О.(45) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“. На 23.03.2025 во семејниот дом во Прилеп, пријавениот пуштал гласна музика и на тој начин не почитувал Одлуката на Владата на РСМ за прогласена седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.К.(34) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.12.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле метадон.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.К.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги”. На 03.04.2024 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над две лица, при што пронашле и одзеле марихуана, која ја набавиле од пријавениот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дело „телесна повреда“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Пријавениот подолг период вршел физичко и психичко насилство врз неговата сопруга, а при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени и одземени пушка, два пиштоли, 981 куршуми, рачна бомба и други предмети и додатоци за огнено оружје.
На 19/20.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Т.(23), Н.Л.(43), Б.Ч.(36), Т.А.(27), О.Ј.(25), М.З.(26), сите од Скопје и М.Т.(27) од Велес затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 19.06.2025 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од с.Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје. Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став .2 од Кривичниот законик.
На 19.06.2025 во 17.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Јане Сандански“ и ул.„Васко Карангелески“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(54) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.К.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобиле возачот А.К. и неговата сопатничка З.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 19.06.2025 во 08.10 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на регионален пат кај крстосницата за с.Долно Ѓуѓанци, светиниколско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „застава“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(70) од с.Долно Ѓуѓанци и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.Н.(65) од с.Оризари, кочанско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.А., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 19.06.2025 околу 19.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат с.Извор,општина Чашка – Прилеп, после крстосница за с.Јасеново, четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 19.06.2025 во 17.35 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Питарница“ во Гостивар, електричен тротинет, управуван од малолетник од Гостивар, удрил во паркирано патничко возило „рено“ со словенечки национални ознаки, паркирано од Ф.Г.(28) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 19.06.2025 во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 12.30 часот за време на одржување на седница на Советот на општина Кочани, по претходно недоразбирање, А.А., советник во Советот на општината, се обидел физички и со тврд предмет да го нападне В.А. од Кочани, исто така, советник во Советот на општина Кочани, но бил спречен од присутните, по што фрлил шише со вода кон него, но го промашил и во лице ја погодил А.К.(46) од Кочани, вработена во општината, која била пренесена во здравствена установа за укажување помош. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.06.2025 во 11.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.Ј.(34) од Струмица затоа што со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица, по што било спроведено во здравствена установа. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(22), С.С.(21) и 17-годишник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Тие се сомничат дека околу 19.00 часот во с.Трубарево, скопско, со возило го пресретнале В.Д.(42) од Скопје, по што едниот од нив физички и со тврд предмет го нападнал и му го одзел мобилниот телефон, по што тројцата со возилото го напуштиле местото. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, по што М.С и С.С. биле задржани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.
На 19.06.2025 во 13.00 часот во СВР Велес, од Здружение на спортски риболовци „Бабуна“, кое е концесионер на рибниот фонд на река Тополка, пријавено е дека бил констатиран помор на разни видови на риби во рекатаа забележана е и пенлива материја на површината на водата. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од СВР Велес, Агенција за храна и вода, Институт за храна и ветеринарство и инспектор за животна средина. По насоки на јавен обвинител, примероци на риби и вода се предадени на Институт за храна и ветеринарство. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 19.06.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, истиот ден машко лице ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и ја скршила ногата и морала да се оперира веднаш и дека операцијата е многу скапа бидејќи требало да и се вградат златна шипка и штрафови. Како што е пријавено, откако телефонски се договориле, таа ги дала парите на едно женско лице на договореното место, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.06.2025 во 18.17 часот СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(52) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на ул.„Партизански пат“ во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 20.06.2025 во 04.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Ф.Е.(34) од Велес пријавил дека околу 21.40 часот на автопатот Скопје-Велес, тој и неговиот брат К.Е.(40) од Велес биле физички нападнати од М.Ј.(31) и М.Ј.(31), при што употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.06.2025 во 03.36 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Демир Трајко“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д. (1973) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
На 19.06.2025 во 19.55 часот во СВР Скопјебило пријавено дека бил пронајден Р.М.(17), за кој на 18.06.2025 од Јавната установа за згрижување деца Скопје беше пријавено дека се оддалечил од установата. Лицето било предадено во установата.
Денеска (20.06.2025) во 02.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Н.(44) и А.Ч.(54), двајцата од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.06.2025 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.Ш.(26) од Скопје пријавил дека во паркот во Ѓорче Петров бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.06.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријавила дека на 19.06.2025 во апартман во Република Грција била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Т.(36). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.06.2025 во 10.34 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер К.Н.(51). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.06.2025 во 16.50 часот во СВР Скопје, А.К.(44) од Скопје пријави дека на 15.06.2025 на подрачјето на Центар, три лица на возраст од 14 до 18 години со закана од неговиот малолетен син и неколку негови другари одзеле пари. Наредниот ден, истите лица со закана со остар предмет повторно се обиделе да им одземат пари, но не успеале во намерата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.