На 17/18.05.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.С.(41) од Охрид, П.К.(36) од Струга, Џ.Ј.(37), В.Х.(29) и М.Н.(23), тројцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против У.М.Е.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа’’. На 11.04.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана германска возачка дозовола.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(35) с.Лакавица, гостиварско и С.М.(37) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.05.2025 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.М.(35) и А.Р.(25), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“. На 22.03.2025, пријавените, во својство на сопственик и управител на угостителски објект и менаџер на угостителскиот објект, пуштале гласна музика и на тој начин не ја почитувале одлуката на Владата на РСМ за денови на жалост по повод трагичната несреќа во Кочани.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против О.Џ.(43) од с.Дедели, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 17.05.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 22.30 часот во с.Кучевиште, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.З.(19) од с.Долно Коњари, општина Петровец, излетало од патот и удрило во ограда. Во несреќата возачот Ш.З. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот М.Х.(19) од Скопје се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.
На 17.05.2025 во 17.05 часот на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го привеле Ф.А.(69) од Република Албанија, со привремен престој во Кавадарци, затоа што при гранична контрола било констатирано дека бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување на затворска казна во Казнено – поправната установа Затвор Идризово. Лицето било спроведено во установата за издржување на казната.
На 17.05.2025 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ј.(36) и Д.С.(29), двајцата од Куманово. На полувреме на кошаркарскиот натпревар од кошаркарската супер лига помеѓу екипите на МКК Куманово од Куманово и МЗТ од Скопје во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ тие се обиделе да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 17.05.25 година во 17.35 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници го приведоа Н.А.(40) од с.Доброште, тетовско, кој е баран по потерница врз основа на судска наредба, за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
На 17.05.2025 во 22.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Б.Ј.(50) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.05.2025 во 18.25 во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 16.30 часот во с.Рожден, кавадаречко, С.С.(45) од Куманово, управувајќи четирицикл нa некатегоризиран пат во селото како дел од авантура организирана од здружение на граѓани на подрачјето од с.Мрежичко кон Рожден - Трибор - караула Пуљевац - Мајден и завршува до с.Мрежичко, паднал од четирициклот. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид бил извршен.