Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 17.06.2025

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето А.З.(22) од Битола, со престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и претрес во домот каде престојувал, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Д.Р.(41) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа”. На 17.04.2025 на магистралниот пат Битола-Ресен, полициски службеници извршиле контрола на такси возило, при што било констатирано дека лекарското уверение, кое го приложил пријавениот, било фалсификувано.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. Со закана кон вработената, пријавениот се обидел да одземе пари од дневниот промет во казино во Скопје, но не успеал.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Т.(33) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.06.2025 во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани и му нанел повреда.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.Р.(40) од Струмица и Д.А.(37) од село Ново Село, струмичко, со престој во село Хамзали, општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 11.06.2025 во Струмица, со употреба на сила пријавените одзеле чанта од малолетничка. Исто така, на 20.04.2025 во Струмица, пријавените со употреба на сила, од В.М. одзеле чанта со пари.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Н.(66) од село Ранковце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”. На 27.05.2025 во с.Опила, општина Ранковце, пријавениот влегол во семејната куќа на С.Ј. и Л.Ј. и одзел пари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Е.Ј.(60) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 03.06.2025 на социјална мрежа, по претходно добиен отказ од фирма од Кочани, пријавениот упатувал закани на Б.П. и неговото семејство.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.С.(54) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. Во 2024 година во населба Венец, пријавениот поставил времен објект на катастарска парцела во државна сопственост, без претходно добиено одобрение издадено од надлежен орган.  

На 16/17.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.Р.(32), А.З.(28), Д.К.(27), С.Д.(27), сите од Скопје и К.П.(18) од Република Хрватска затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 16.06.2025  во 05.30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.И.(22) и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети. Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 16.06.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес,  М.М.(43) од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градксата општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 16.06.2025 во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека при ископ во с.Калишта, струшко, била пронајдена експлозивна направа. Екипа од ОВР Струга и пиротехничар од Дирекцијата за штита и спасување извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната.

На 16.06.2025 околу 18.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Мојси Големи“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од У.Ц.(53) од Дебар и електричен тротинет, управуван од малолетник од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.

На 15.06.2025 околу 21.45 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионален пат Демир Хисар–с.Прибилци, демирхисарско, атар на с.Прибилци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(67) од с.Бараково, демирхисарко и патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.И.(38) од с.Бараково, сопатник во возилото „бмв“, додека возачот Љ.И. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.

На 16.06.2025 околу 11.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат  Куманово-Свети Николе, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки“, управувано од В.К.(42) од с.Кучкарево, кумановско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и две сопатнички К.К.(31) и Л.К.(19), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
 
На  16.06.2025 во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Боговиње-с.Урвич, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(52) од с.Шипковица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од с.Ново Село, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.И.М, сопатничка во возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Ф.Р. и останатите сопатнички од возилото „форд“, С.Л., М.А., М.Џ и М.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 16.06.2025 околу 20.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локалниот пат с.Виштица-с.Никуштак и пат за с.Виштица, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл  „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Ф.С.(27) од с.Липково и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната А.Ј. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.М.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 13.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, А.Р.(42) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Д. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.06.2025 во СВР Скопје, Ф.И.(37) од Скопје пријавила дека околу 19.50 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно машко лице, кое, исто така, било во паркот со неговото дете. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 16.06.2025  во 12.30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопје пријавила дека подолг временски период била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед В.П. од скопско село, кој ѝ го оштетил и нејзиното патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (17.06.2025) во 00.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била пронајдена почината Х.К.(70) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатира смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

На 16.06.2025 во 20.30 часот, 61-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината ќерка М.К.(40) од Скопје, која оштетила и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (17.06.2025) околу 08.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле З.М.(38) од Скопје, за кој на 15.06.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот. 

Мени за пристапност