На 16.03.2025 во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода О.Ј.(47) од с.Стајковци, скопско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 16.03.2025 на патот Прилеп - Битола, кај бензинска станица во с.Беровци, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(19) од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 14.00 часот на 15.03. до 15.30 часот на 16.03.2025 одзел товарно возило „форд транзит“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Битола, а кое било паркирано пред седиштето на фирмата во Битола. Возилото било пронајдено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (17.03.2025) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.А.(34) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во СВР Куманово, С.З. (77) пријавил дека во нива во село Агино село, кумановско, пронашол панцирно зрно од 40 мм, кое потекнува од Втората светска војна. Зрното било подигнато од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
На 16.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.Т.(39) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а при преглед кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.03.2025 во 18.10 часот во Полициската станица Центар, Д.Ј.(32) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар во Скопје била касната од куче скитник.
На 16.03.2025 во 13.15 часот во с.Градец, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Н.(32) од с.Горјане. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно дека претходниот ден подметнал пожар во две штали на лицето А.Н.(34) од с.Горјане. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе му биде пооднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неизвршување судска одлука“. При контроли, извршени на 07.03.2025, полициските службеници утврдиле дека тој, не се придржувал кон решение од Основен суд во Охрид со кое му е одредена мерка „куќен притвор“, туку го напуштал својот дом. При претрес, извршен во простории на булеварот „Железничка“, кои ги користел, пронајдени и одземени се девет паковки со кокаин, по што е извршена промена на решението од куќен во активен притвор и тој е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Битола.
На 16.03.2025 во 13.50 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Вруток, гостиварско. Тој се сомничи дека на 13.03.2025 сторил кривично дело ,,кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, пријавено од Б.Н.(49) од Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвена соодветна пријава.
На 17.03.2025 во 03.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Џ.(28) од село Черкези, кумановско, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (17.03.2025) во периодот од 04.30 до 06.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево ги лишиле Л.Н.(25), Л.Х.(26), Л.У.(48), Л.С.(22), М.Љ.(34), А.А.(25) и С.Љ.(21), сите од с.Морани, општина Студеничани. Тие се сомничат дека на 16.03.2025 околу 23.45 часот во с.Морани физички ги нападнале Ш.А.(44), Л.А.(20) и 15-годишник, сите од с.Морани., при што употребиле тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.03.2025 во 12.50 часот во СВР Скопје, Б.Ш.(37) од Скопје пријавил дека околу 12.15 часот во двор од неговата куќа, на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од С.Г. и Б.Г., кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.03.2025 во 17.00 часот во СВР Скопје, М.Ц.(34) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно нерасчистени имотно - правни односи, бил физички нападнат од Н.А.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.03.2025 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Т.(44) и 16-годишник од една страна и С.Т.(34) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.03.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, А.Б.(36) од Скопје бил нападнат од две лица, од кои едното употребило стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.03.2025 во 15.30 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(30) од с.Љуботен, скопско, пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Н.С.(65) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.03.2025 во 14.20 часот во СВР Скопје, Ш.И.(66) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ш.А.(29) од Скопје и уште четири други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.03.2025 во 21.47 часот во СВР Скопје, Ш.Ш. од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба, едно машко лице со огнено оружје му се заканувало на неговиот 16-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.03.2025 во 16.30 часот во СВР Скопје Т.К.(34) од Скопје пријавил дека на бул. „Јане Сандански“ во Скопје, додека управувал велосипед, бил удрен од електричен тротинет, по што лицето кое го управувало тротинетот го напуштило местото на настанот. Т.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 16.03.2025 околу 14.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во незгодата со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 16.03.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Д.С.(23) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Ж.Е.(21). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 16.03.2025 во 13.00 часот во СВР Велес, А.И.(30) од Чашка пријавила дека на улица „Коста Кирков“ во Чашка била касната од куче скитник.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 19.10.2024 во Скопје, пријавениот и уште други две лица извршиле кражба во објект, а откако биле затекнати од сопствениците, физички ги нападнале и побегнале.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.11.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштоли за светлосно звучна сигнализација и куршуми различен калибар.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Б.(25) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.05.2024 во Кавадарци, полициски службеници извршиле преглед кај пријавената, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Џ.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од 22.10.2024 до 30.10.2024 во Прилеп, пријавениот со туѓа платежна картичка направил повеќе трансакции на различни продажни места и се стекнал со противправна имотна корист во износ од 25.972 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(54) од с.Седларево, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности’’. Во текот на 2024 година, пријавениот изградил куќа во с.Прељубиште, тетовско, без да поседува соодветна документација издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од с.Сушица, гостиварско и Д.П. од Гостивар, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’. Од 10.02.2025 до 20.02.2025, пријавениот Д.П. заземал туѓа недвижност, бесправно поставил и паркирал пет тешки товарни возила и четири патнички возила, со што го попречувал изведувањето на нормалните градежни работи. Со ваквите дејствија пријавениот му нанел материјална штета на Јавното претпријатие Државни патишта на РСМ во износ од 18.634.559 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’ и „фалсификување на исправа’’. Во текот на 2024 година, пријавениот довел и држел во заблуда едно лице од с.Чегране, на тој начин што со лажно прикажување и прикривање на факти го убедил дека ќе му посредува во издавање на оригинални документи, патна исправа и лична карта од странска земја, за што лицето му дало 5.000 евра, а пријавениот преправил вистински исправи и му ги приложил на оштетениот како оригинал. На 14.11.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени возачка дозвола и лична карта од Италија и дозвола за престој од Швајцарија.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(31) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 27.02.2025 во Кичево, пријавениот упатувал закани на малолетник од Кичево.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.В.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 04.01.2025, пријавениот во семејниот домот физички ги нападнал неговата мајка и сестра.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ш.(66) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 25.02.2025, пријавениот во домот во Струга физички ја нападнал неговата сопруга.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј.(39) и З.Ѓ.(49), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.10.2024 во Тетово, пријавените физички нападнале едно лице од Тетово.