Денеска (15.03.2025) во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип - Кочани, кај с.Долни Балван, општина Карбинци, полициски службеници го лишиле од слобода И.Д.(21) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Денеска (15.03.2025) во 06.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Т.(21) од село Пуздерци, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.03.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(33) од с.Требиште, општина Маврово и Ростуше. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис статива. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 18.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(24) од с.Буковиќ, скопско, патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(34) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Возачот Б.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската опшата болница „Св.Наум Охридски“ Скопје и по укажаната помош во 01.00 часот на подрачјето на Центар бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка. Извршен бил увид од надлежен обвинител од ОЈО Скопје и увидна екипа од СВР Скопје.
На 14.03.2025 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Н.(20) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 23.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 11.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп биле пронајдени таблети, прашкаста материја и дигитална вага. Полициски службеници извршиле увид и предмети биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 14.03.2025 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници го привеле Ј.К.(36) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 11.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Т.(50) од Република Србија затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал на стоп листата. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 14.03. 2025 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(30) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 14.03.2025 во 12.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(42) од Куманово, удрил во пешакот А.Н.(21) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.Н., констатирани во Ургентен центар Куманово, додека возачот Д.Д. се здобил со телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 14.03.2025 во 10.50 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Ј.(53) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека во село Јурумлери бил каснат од куче скитник.
На 14.03.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Чаир, А.С.(27) од Скопје пријавил дека на ул.„30“ во населба Радишани во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 14.03.2025 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.Г.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Огнен Чемерски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 14.03.2025 во 14.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш. Тој се сомничи дека во март 2025 извршил 11 кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, од кои шест на подрачје на Радовиш, четири во Струмица и една на подрачје на Кочани. Во службените разговори со лицето извршени во Полициските станици во Струмица и Радовиш, А.А. ги признал делата. Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По документирање на случаите против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 14.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.А.(51) од Велес. Тој се сомничи дека од деловен простор на Градскиот пазар во Велес, кој го користела А.Ш.(62) од Велес, одзел предмети. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Б.А. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.03.2025 во 17.20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Радовиш ги лишиле од слобода М.П.(40) и Ј.Ѓ.(27), двајцата од Штип. При преглед во патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал М.П., а сопатник бил Ј.Ѓ., била пронајдена бела прашкаста материја. Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.03.2025 во 02.25 часот на улицата „Методија Стефаноски“ во Кичево, полициски службеници од од криминалистичката полиција при ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.С.(40) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.03.2025 во 15.39 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, едно лице од огнено оружје пукало во 16 - годишник од Скопје и го напуштило местото. Притоа, малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош. Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.03.2025 во 17.00 часот во с.Грчец, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода В.М.(43) од с.Грчец, постапувајќи по претходна пријава, дека во 12.15 часот на бензинска станица на подрачјето на општина Сарај физички го нападнал вработениот А.М.(20) од с.Крушопек, скопско. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(55) и Р.И.(58), двајцата од Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело ,,несовесно работење во службата“. Во 2023 и 2024 година, пријавените, вработени во Шумско – стопанска единица „Илинска планина“ - Демир Хисар, дозволиле да има неконтролирана - бесправна сеча и на тој начин била нанесена штета на шумскиот фонд на Јавното претријатие „Национални шуми“ во висина од 1.100.925 денари.
Денеска (15.03.2025) во 02.30 часот во Скопје, во студентски дом на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Д.Н.(22) и Т.Н.(26), двајцата од Ресен, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, по што едниот од нив агресивно се однесувал кон полициски службеници додека вршеле службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (15.03.2025) во 04.00 часот во СВР Скопје, Д.А.(30) од Скопје пријавил дека околу 02.50 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица од обезбедувањето. Се преземаат мерки за расчистување на слуачјот.
СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што во неговиот компјутер биле пронајдени и одземени видео записи од експлицитни видеа и слики со порнографски материјал од деца. Од 2021 до 2025 година, пријавениот од социјални мрежи преземал слики од женски деца, креирал лажни женски профили и преку тие профили запознавал и започнувал комуникација со други деца, кои ги наведувал да си разменуваат слики и видеа со експлицитна содржина.
На 14.03.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, А.Р.(43) од Скопје пријавил дека околу 21.00 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.03.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.Ј.(24) од Скопје, вработен во Град Скопје, пријавил дека на 13.03.2025 околу 11.00 часот, додека извршувал службени дејствија на подрачјето на Ѓорче Петров, односно додека чекал две колешки во службеното возило, нивниот поранешен колега М.К. му се заканувал. Според пријавеното, од јуни 2024 година, М.К. во неколку наврати му се заканувал и тој го пријавувал. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Д.(47) од Велес поради постоење основи за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 28.02.2025 во Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.
На 14.03.2025 во 16.30 часот во СВР Скопје, 58-годишен маж од Скопје пријавил дека на 12.03.2025 околу 21.00 часот на кеј на река Вардар на подрачјето на Карпош, едно лице физички нападнало 17-годишник од Свети Николе и му барало пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.03.2025 во 08.00 часот во СВР Штип било пријавено дека претходно во влезот од зградата во која живее на ул.„Енгелсова“ во Штип, М.Т.(77) од Штип бил физички нападнат од три лица кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.03.2025 околу 21.15 часот во с.Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Д.А.(44) од с.Ратавица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.00 во селото со остар предмет се обидел да го нападне И.А.(36) од истото село. Д.А. бил приведен во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Л.А.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31.12.2024 во Скопје, на импровизирана тезга на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиротехнички средства.
На 15.03.2025 во 00.45 часот СВР Велес било пријавено дека автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, настанал пожар на товарно возило „мерцедес“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, а во близина на возилото бил пронајден починат Н.В.(57) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а екипа на Територијалната противпожарна единица Велес го изгаснала пожарот. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 14.03.2025 во 12.20 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Делчево настанал пожар на обработлива површина, сопственост на правно лице, а било дадено на користење на Ф.Н. од Делчево. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Ф.Н. запалил оган на нивата, кој се проширил на објект за чување стока во која имал сено, сточна храна и мотокултиватор. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 15.03.2025 во 00.57 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ј.Б.(41) од с. Крушопек, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со поовредите во с.Крушопек откако бил физички нападнат од едно лице. Имено, на 14.03.2025 околу 17.30 часот во селото, застанал со мотоциклот со намера да смири група од помлади лица кои се расправале и притоа лицето го удрило со патничко возило, по што излегло од возилото и физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.03.2025 во СВР Струмица, 27 - годишна жена од струмичко село пријавила најзиниот четиригодишен син се плашел да ја посетува градинката во струмичко, во која претходно одел. Според пријавеното, откако на 11.03.2025 го однела во градинката, детето почнало да плаче и кажало дека една од вработените му се заканила дека ќе го затвори во подрум, доколку не бил мирен и дека заканите ги слушнала друга вработена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.03.2025 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Гази Баба била пронајдена почината М.Н.(52) од Скопје. лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи на траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
На 14.03.2025 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување на деца - Организациона единица Козле било пријавено дека нивниот штитеник И.И.(14) од Битола се вратил во установата, за кого на 11.03.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата.
На 14.03.2025 во 17.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.Ш.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Гарсија Лорка“ во Скопје, неговиот маолотен син бил каснат од куче скитник.
На 14.03.2025 во 21.25 часот во Полициската станица Драчево, М.А.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 14.03.2025 во 16.10 часот, В.Т.(64) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево била касната од куче скитник.