Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 12.01.2025

На 11.01.2025 во 19.55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.01.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени  марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.01.2025 во 23.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Бардовци,скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.01.2025 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.01.2025 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.01.2025 во  13.10  часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.01.2025 во 18.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Р.(20) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.01.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.01.2025 во 23.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.01.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.А.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„516“ во населбата Керамидница во Скопје бил каснат од куче скитник.
 
 
На 11.01.2025 во 20.45 часот во СВР Скопје Џ.Е.(55) од Скопје пријавил дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје, бил каснат од куче скитник.
 
 
На 11.01.2025 во Полициска станица Кочани, Н.Д.(29) од с.Оризари, кочанско пријавил дека во градскиот парк во Кочани, бил каснат од куче скитник.

 

На 12.01.2025 во 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во с. Добридол, гостиварско, при што поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта биле приведени седум странски државјанки, од кои пет од Бразил, една од Колумбија и една од Венецуела, на возраст од 22 до 34 години. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 11.01.2025 околу 14.30 часот во близина на место викано Караула Моин, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица ги лишиле од слобода О.И.(26), К.К.(53), Д.Т.(35) и Ж.У.(25), сите од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Имено, при извршена контрола, кај О.И. била пронајдена ловна пушка „сухл“ и два ловечки патрона, кај К.К. ловна пушка „застава“ и девет ловечки патрони, а кај Д.Т. ловна пушка карабин „застава“ и 12 куршуми, како и други предмети. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 11.01.2025 во 08.39 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул. „Филип Втори Македонски’’ и ул. „Цане Василев’’ во Битола се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „фиат" со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(24) од Битола и товарно возило „нисан" со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(41) од Битола, по што возилото „фиат" удрило во пешак З.Г.(55) од Р.Грција. З.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

 

Денеска (12.01.2025) во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.Д.(18) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 
Денеска (12.01.2025) во 02.00 часот во СВР Скопје, С.С.(50) од с.Трубарево, скопско, пријавила дека околу 00.00 часот во угостителски објект во селото, била физички нападната од Г.„Н“ од с.Јурумлери, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
 
На 11.01.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје, Ј.Д.(72) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со физичка сила и ја одзело чантата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.01.2025 во 07.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле С.Р.(14), која на 10.01.2025 била пријавена од нејзиниот старател Т.М.М. дека се оддалечила од домот.
 
 
На 11.01.2025 во 17.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во населбата Усје, настанал пожар на оџак од куќа, сопственост на А.М.(34). Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. 
 
 
На 11.01.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Скопје било пријавено дека во кругот на установата била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 11.01.2025 во 20.58 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 20.50 часот во спортска обложувалница во населбата Баби во Штип С.М.(33) бил физички нападнат од М.А.(40), двајцата од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
 
 На 11.01.2025 во 01.30 часот во Полициската станица Гевгелија биле задржани О.Б.М.(19) и Е.С.Џ.(22), двајцата од Р.Турција, поради тоа што на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, при извршена контрола констатирано било дека го пречекориле дозволениот престој во државата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 
 
 
 На 11.01.2025 во 19.20 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, во близина на Неготино забележано било патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое се упатило кон Демир Капија, а потоа од него излегле мигранти. Од страна на полициските службеници биле затекнати четири лица-мигранти, од кои три од Непал и едно од Индија, а возачот се дал во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Мени за пристапност