Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 11.07.2025

СВР Штип поднесе кривична пријава против О.Р.(40) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 29.06.2025 пријавениот, по претходна вербална расправија со едно лице, се обидел со употреба на остар предмет да го нападне.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Б.(62) од с.Русиново, беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. На 10.02.2025 во основно училиште, пријавената вршејќи службени дејствија како наставник, физички нападнала ученик.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Ѓ.(48) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело ,,навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот во периодот од 19.05.2025 до 26.05.2025 во повеќе наврати, неовластено навлегол во компјутерски систем и од платежната картичка на лице од Гостивар, подигнал пари и извршил плаќање на терминали во различни субјекти.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.И.(30) од с.Ваксинце, o.Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.01.2025 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајден и одземен кокаин.

 

На 10.07.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат во с.Дебреше се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, управувано од У.К.(23) од Р.Турција, со привремен престој во с.Врапчиште, и патничко возило „шевролет“ со гостиварски регистарски таблици, управувано од Н.И.(78) од с.Врапчиште. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.И., додека сопатничката  од истото возило В.И.(81) од с. Врапчиште се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.  Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

На 10/11.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.К.(27), А.К.(23), Љ.Г.(41) , К.П.(30), М.П.(25) и И.Ц.(24), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 10.07.2025 околу 10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„532“ и ул.„531“ во с.Марино, скопско, се случила сообраќајна несреќа  во која учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.В.(71) од с.Бунарџик, скопско и велосипед управуван од Г.А.(76) од с.Марино, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 10.07.2025 во 16.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на ул.„Анри Барбис“ во Скопје патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Скопје, удрило во пешакот Ц.В.(89) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.В., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 10.07.2025 во 15.10 часот во Полициската канцеларија Пехчево е пријавено дека на регионалниот пат Пехчево–Делчево, на место викано „Негревска чекална“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.Ј.(53) од Македонска Каменица и патничко возило „форд“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(42) од с.Панчарево, пехчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „форд“ Н.Ф.(39) од Пехчево, а со телесни повреди се здобиле возачот В.П и уште еден негов сопатник В.П.(42) од с.Панчарево, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид.

 

На 10.07.2025 во 11.50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода К.Ф.(56) од Р.Косово, затоа што при гранична контрола констатирано е дека патничкото возило „џип“ со германски национални ознаки кое го управувал евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол-Германија и било предмет на потрага. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.     

 

На 10.07.2025 во 13.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ш.К.(62) од Штип, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.07.2025 во 13.50 часот во СВР Скопје, вработен во АД „Бутел“ пријави дека на 09./10.07.2025 на градски гробишта-Ѓорче Петров биле оштетени 29 споменици и надгробни плочи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 10.07.2025 во 02.30 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А.(43) од Скопје, по претходна пријава дека на 09.07.2025 околу 21.00 часот на подрачјето на Карпош, со закана со огнено оружје и со употреба на физичка сила и го одзел мобилниот телефон на неговата поранешна 27-годишна партнерка од Скопје. Од Ф.А. се одземени еден пиштол и куршуми. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

  

На 09.07.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 72-годишен маж од Скопје пријави дека на 06.07.2025 околу 00.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, бил физички нападнат од неговиот син Ф.С.(33) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Во полициска станица бил извршен службен разговор со Ф.С. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.07.2025 во 14.10 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден околу 11.00 часот била измамена од едно лице за сума од 90.000 денари. Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и дека за детето требало да се плати лекување. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место и по некое време сфатила дека била измамена.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 09.07.2025 во 21.28 часот во СВР Скопје, Т.Ј.(41) од с.Сопиште, скопско, пријави дека околу 20.30 часот во двор од основно училиште во с.Сопиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Д.Т.(41) од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.07.2025 во 15.25 часот во СВР Скопје, П.Б.(40) од Скопје пријави дека околу 02.05 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од С.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.07.2025 во 22.15 часот во СВР Скопје, Ф.А.(45) од Скопје пријави дека околу 22.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ф.Д.(19),  М.Г.(18) и А.З.(27), сите од Скопје, поради тоа што за време и по завршување на фудбалски натпревар на aрената „Тоше Проески“ во Скопје фрлале тврди предмети кон полициски службеници, лица во публиката, како и лица учесници на натпреварот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Мени за пристапност