Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 10.07.2025

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.И.(21) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.12.2024 полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

 

СВР Куманово поднесе  кривична пријава против С.Р. (48) од Крива Паланка,     поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 29.05.2025 во казино во Крива Паланка, пријавениот му упатувал закани на вработено лице од објектот. 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К. (56) од Република Турција,   поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 02.07.2025 на Граничен премин „Деве Баир“, на влез во државата, пријавениот, кој управувал товарно возило и влекач со турски национални ознаки, на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта.

 

На 09.07.2025 од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожар во село Лозаново, кривопаланечко, било пронајдено починато лице. Во присуство на јавен обвинител бил извршен увид, а остатоците од телото се пренесени во Судска медицина за обдукција.

 

На 09.07.2025 во 21 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во с.Неготино, патничко возило ,,ауди“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од Ш.Х.(62) од с.Неготино, удрило во пешакот А.Ј.(81) од с.Неготино. Со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

На 09.07.2025 во 05.50 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Битола, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Д.И.(19) од Битола удрил во пешакот М.А.(76), двајцата од Битола. Со тешки телесни повреди се здобиле пешакот М.А. и мотоциклистот Д.И., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник В.Ц.(19) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 09.07.2025 во 20.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Оровник, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(83) од Охрид и патничко  возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од А.М.(36) од с.Синичане, општина Боговиње. На местото на настанот починал возачот В.Б, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и неговиот сопатник Б.Б.(24) од Куманово, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР  Охрид.

 

На 09.07.2025 во 16.40 часот во Полициската станица Пробиштип е пријавено дека на регионалниот пат кај с.Неокази, пробиштипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(48) од Пробиштип и патничко возило „дачиа дастер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишната Б.А. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „дачиа“ А.П.(68), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

 

На 09.07.2025 во 19.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од Струмица кон село Попчево, струмичко, Н.К.(30) од Струмица, управувајќи велосипед, изгубил контрола и излетал надвор од патот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

 

На 09.07.2025 во 21.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на локален пат кон село Бучим, радовишко, 14-годишен малолетник од с.Бучим, управувајќи  мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

 

На  09.07.2025  во  14.30 часот од страна на доктор од Итна медицинска помош Македонски Брод во ОВР Македонски Брод било пријавено дека кај нив на преглед се јавил М.М.(19) од с.Звечан, Македонски Брод, кој што се здобил со повреди при  гасење пожар во атарот на с.Рамне, Македонски  Брод.

 

На 09.07.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ш.А.(45) од Скопје, пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од Б.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 09.07.2025 во СВР Скопје, П.Н.(49) од с.Трубарево, скопско, пријави дека додека извршувал работни задачи во Индустриската зона Ќојлија, по претходна расправија околу паркинг простор, бил физички нападнат од М.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 09.07.2025 во 15.40 часот во СВР Скопје, В.Е.(53) од Скопје пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од С.О.(51) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 09.07.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(44) и М.Б.(33), двајцата од Скопје, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.07.2025 во 23.30 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(41) и Д.Ш.(38), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (10.07.2025) во 02.40 часот во СВР Скопје, О.Н.(35) од с.Сарај, скопско пријави дека пред неговата куќа опожарено било неговото паркирано патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (10.07.2025) во 05.31 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат О.Б.(48). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција. 

 

На 09.07.2025 околу 12.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, настанал пожар во патничко возило, сопственост на МВР. Според пријавеното, додека полициски службеници извршувале службени дејствија, возилото се запалило. Двајцата полициски службеници побарале лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Клиника за токсикологија поради вдишан чад. Пожарот е изгаснат од полициски службеници кои биле на местото на настанот.

Мени за пристапност