Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 08.07.2025

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.03.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(47) од с.Житоше, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 29.05.2025 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, при гранична контрола е констатирано дека пријавениот, приложил фалсификувана лична карта.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.П.(34) од с.Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 28.01.2025 во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, затворската полиција извршиле претрес во просторија во установата, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и мобилен телефон во сопственост на пријавениот.

 

На 07.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.А.(18), Е.А.(28), М.К.(34) и Џ.С.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

На 07.07.2025 во 23.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го привеле А.С.(35) од Скопје, поради тоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

На 07.07.2025 околу 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ацо Шопов“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(62) од Скопје и  велосипед управуван од А.П.(61) од с.Шишево,скопско.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.



На 07.07.2025 во 15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го  лишиле од слобода А.Д.(72) од с.Чегране, гостиварско, постапувајќи по пријава од 34-годишен маж од Гостивар дека А.Д. во подрумска просторија на зграда во Гостивар извршил обљуба врз 12-годишната ќерка на пријавителот, односно ја допирал по телото и и ветил дека ќе и даде пари за да не му каже на родителот. А.Д. е задржан во полициска станица, известен се јавен обвинител и Центарот за  социјални работи Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

 

На 07.07.2025 во 19 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Голиево, скопско, настанал пожар, при што опожарени биле три куќи, помошна просторија, гаража, ниви со жито, садници и други предмети. Повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

 

На 08.07.2025 во 00.30 часот, во СВР Велес, извршен е службен разговор со малолетник од село Горно Оризари, велешко, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес. Имено, во село Горно Оризари, додека управувал мотоцикл без регистарски ознаки, не запрел на даден знак од полициски службеници кои извршувале службени задачи и удрил во еден од нив, а потоа и во паркирано патничко возило „шкода“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, по што се дал во бегство. По преземени мерки, малолетникот е пронајден, известен е јавен обвинител, а мотоциклот е одземен. По документирање на настанот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 07.07.2025 околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железничката пруга во населба Драчево, М.И.(45) од Скопје се здобил со повреди од струен удар. Со возило на Итна медицинска помош М.И. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 07.07.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Жејковац“ во атар на с.Бразда, пожарникарот Б.И.(48) од с.Средно Коњари, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако паднал од четирицикл. Според пријавеното, додека се превезувал со четрицикл, управуван од волонтер, од една на друга локација со цел преземање на мерки за гасење на пожарот, паднал и се здобил со повредите, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.

 

На 07.07.2025 во 22.40 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го пронашле малолетникот Н.С.(13), кој на 05.07.2025 во Полициското одделение Шуто Оризари, од згрижувачот Р.Н.(58) од Скопје, беше пријавен дека се оддалечил од домот.

 

На 07.07.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.К.(29) од Струга, со престој во Скопје, од една страна и Ш.Б.(24) и Е.Б.(48) од с.Студеничани,скопско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 07.07.2025 во 05.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишиле од слобода 29-годишната А.Д. од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а при преглед кај неа бил пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 07.07.2025 во 18.45 часот во СВР Скопје, 84-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 261.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.07.2025 во 23.10 часот во СВР Скопје, Е.Џ.(27) од Скопје пријавила дека околу 22.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 07.07.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје К.Б.(44) од Скопје пријавил дека во приватна здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров околу 14.45 часот бил физички нападнат од М.Ј.(70) и Љ.Ј.(33), при што М.Ј. употребил остар предмет и му нанел повреда. Во Полициската станица Кисела Вода, бил извршен службен разговор со пријавените и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност