Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 08.03.2025

На 07.03.2025 година во 13.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, на надвозникот кај село Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо 3008“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(64) од Кочани и патничко возило „Фолксваген Ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(58) од Скопје, сопственост на правен субјект од Скопје. Во несреќата на лице место починале возачите на двете возила, што било констатирано од страна на ИМП Кочани, а возилото „Фолксваген ап“ било целосно опожарено. Извршен бил увид а по наредба на надлежен ЈО телата на починатите биле предадени на обдукција.

 

На 07.03.2025 година во 22.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионален пат  Прилеп - Македонски Брод, кај местото викано „Дебрешки мост“, патничко возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(18) од  село Дебреште, прилепско, излетал со возилото од патот. Во несреќата Е.Е. се здобил со тешки телесни повреди, и поради сериозноста на повредите тој од Градската општа болница Прилеп, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди се здобил и неговиот 16-годишен сопатник од село Дебреште.  Известен бил надлежен ЈО и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.  

 

На 07.03.2025 година околу 10.05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш, патничко возило „Опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(48) од село Коџалија, радовишко, удрило во лицето В.М. (76) од Радовиш кој што управувал електрична инвалидка количка. Во несреќата В.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

 

Денеска (08.03.) во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (08.03.) во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 07.03.2025 година во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (08.03.) година во 02.50 часот пред трговски центар во Штип, полициски службеници од СВР Штип  го привеле Н.Ј.(21) од Република Турција, со привремен престој во Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

Денеска (08.03.) во 00.50 часот, на улицата „Цар Самоил“ во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.М.(31) и Х.П.(30) двајцата од Битола бидејќи при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

 

Денеска (08.03.) во 01.45 часот,  на улицата „Партизанска“  во Битола полициски службеници од СВР Битола  го лишиле од слобода Б.Џ.(34) бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена  грутчеста материја.По документурање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 07.03.2025 година во 23.30 часот, на улицата „Јордан Пиперката“  во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.М.(34) и Н.И.(29)двајцата од Битола бидејќи при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.По документирање на настанот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 07.03.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид. Тој, при контрола на неговиот  патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (08.03.) во  00.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија Т.К.(56) од Охрид. При претрес во простории на улицата „Железничка“ што тој привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа стаклен предмет со девет опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 07.03.2025 година во 16.30 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром,  полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 07.03.2025 година во 10.50 часот во Полициската станица Аеродром, С.Т.(77) од Скопје пријавила дека на улицата „Венијамин Мачуковски“ во Скопје била касната од куче скитник. 

 

На 07.03.2025 година во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Б.(49) од Скопје пријавил дека на улицата „Разлошка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  

 

На 07.03.2025 година во 14.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.М. од Скопје пријавил дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 07.03.2025 година во 19.00 часот во Полициската станица Чаир, било пријавено дека истиот ден околу 14,30 часот на подрачјето на Аеродром, 39-годишна жена заедно со две малолетни децаека биле исфрлени од возило управувано од нејзиниот вонбрачен партнер Ф.Ф. (24 ) од село Радуша. При укажување на лекарска помош во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ констатирани се тешки телесни повреди како кај 39 годишната жена така и кај нејзините две малолетни деца, а кои што според кажувањето на мајката биле предизвикани од Ф.Ф. кој што во изминатите три дена во куѓа во селото Визбегово ги тепал со тврд предмет неа и нејзините две деца. Постапувајќи по пријавата полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ф., како и неговиот татко И.Ф (68) кој што во текот на полициското службено постапување со секира ги нападнал полициските службеници. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави.

 

На 07.03.2025 година во 13.30 часот во СВР Скопје, Т.Р. од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда. Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за против пожарна заштита пожарот бил изгаснат.  Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што било констатирано дека пожарот настанал при заварување од страна на М.Р. во подрумски простории во кои што се чувале канти со нафта.  

 

На 07.03.2025 година во 09.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа Карпош - Детски дом „11 - ти Октомври“ било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(16) кој и претходно сеоддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 07.03.2025 година во 20.40 часот во СВР Скопје, Д.И.(59) од Скопје пријавил дека истиот ден, околу 17.30 часот во продажно место на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од Љ.Ј. , кој при нападот употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (08.03.) година во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.С.(26) од село Волково, скопско, а по претходна пријава од Д.Н.(45) од Скопје дека околу 01.30 часот во ходник од станбена зграда на подрачјето на Карпош,  физички го нападнал неговиот  17-годишен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 07.03.2025 во 21,50 часот на улицата „Ристе Секирчанец“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Прилеп бидејќи истиот бил затекнат со предмети  од  извршена тешка кражба од куќа. С.Џ.бил приведен во полициска станица Прилеп, а украдените предмети биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(54), Б.Ќ.(33) и К.Б.(39), сите од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство“. Тие, во угостителски објект во Струга, физички а потоа и со дрвен и метален предмет, го нападнале И.И.(39) од селото Радолишта нанесувајќи му тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.

 

На 07.03.2025 година во 23.20 часот во селото Горно Оризари, велешко, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, го лишиле од слобода С.К.(47) од село Горно Оризари, велешко, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи. С.К. бил приведен во полициска станица, известен бил ЈО и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (08.03.)  во 02.10 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на локација на автопатот Тетово - Гостивар. При акцијата, поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта,биле приведени четри странски државјанки, и тоа  две од Република Албанија, една од Косово и една од Молдавија  кои биле на возраст од 26 до 31 година. Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 07.03.2025 година во 23.20 часот во ОВР Гостивар, 38 годишна жителка од Гостивар, пријавила дека во период од 03.03 до 03.06.2025 година нејзиниот вонбрачен сопруг С.А.од Гостивар, полово ја вознемирувал и допирал нејзината малолетна ќерка којашто се уште не наполнила 15 години. Според пријавителката додека вербално се расправила со С.А истиот и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

 

Денеска (08.03) година во 00.40  часот во Тетово, полициски службеници постапувајќи по претходна пријава од 33 годишна девојка од Тетово го лишиле од слобода Ф.Б.(33) од село Стримница, тетовско, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело по чл.144 ст.1 од КЗ на РСМ. Според пријавителката Ф.Б. претходниот ден околу 23,50 часот дошол пред домот на пријавителката каде што кон неа и кон нејзиното семејство упатувал закани по живот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 07.03.2025 година во 17.00 часот во село Јосифово, општина Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода А.М.(41) од село Јосифово, затоа што А.М. по претходна физичка пресметка со лицето Р.М. од истото село, со остар предмет му нанел убодна рана на Р.М. во пределот на подколеницата. За настанот бил запознаен надлежен ЈО од ОЈО Гевгелија, а по документирање на случајот против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (08.03.) година во 00.40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани, го лишиле од слобода Ј.И. (56) од  Кочани,  а по пријава од неговиот 79-годишен татко, дека претходниот ден околу 23.30 часот во семејниот дом упатувал закани по живот кон своите родители, а притоа оштетил дел од инвентарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Мени за пристапност