ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против А.П.(20) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво". На 24.05.2025 во Кавадарци, во влезот од станбена зграда, пријавениот со употреба на физичка сила и ја одзел чантата на В.А.. При тоа, В.А. се здобила со тешки телесни повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А.(28) од с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 31.03.2025 на локален пат с.Октиси-с.Велешта, полициски службеници извршиле преглед на возило во кое бил пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.С.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.05.2025 во Струга, во угостителски објект, пријавениот со употреба на остар предмет го нападнал З.А., при што му нанел телесна повреда.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.М.(37) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 02.07.2025 во просториите на Полициско одделение Македонска Каменица, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.
На 06.07.2025 во 16.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово -Јажинце, во с. Одри, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,мазда“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Л.Р.(64) од с.Добарце и патничко возило ,,фиат“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Г.М.(46) од Тетово. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ А.Р., додека со телесни повреди се здобиле Г.М. и неговата сопатничка К.М., како и двајца сопатници од возилото „мазда“- Р.Р. и Л.Ј.. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
На 06.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Т.(29), Д.С.(43), Б.П.(36), А.Ѓ.(24), Д.Т.(27), М.И.(40), Д.А.(33) и Б.Е.(19), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 06.07.2025 околу 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Матка,скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(63) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван Б.Д.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 06.07.2025 во 19.15 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Битола и велосипед, управуван од Г.М.(49) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 06.07.2025 во 21.25 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Могила-Радобор, на мост пред с.Радобор, општина Могила, патничко возило „сузуки свифт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С.(47) од с.Радобор, општина Могила, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.С.(68) од с.Радобор, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 06.07.2025 во 11.41 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија-Старавина, во близина на Елешка река, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(40) од Битола и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(73) од с.Гермијан, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле С.К. и неговиот 14-годишен сопатник, а со телесни повреди се здобила Т.Ѓ., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 06.07.2025 во 23.30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Х.В.А.(31) од Р.Полска, затоа што при гранична контрола и проверка на патничкото возило „рено“ со полски национални ознаки, кое го управувал, пронајден е и одземен еден ипол литар метадон. По наредба на јавен обвинител, во 02.20 часот тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (07.07.2025) во 00.40 часот во СВР Скопје, Е.Л.(53) од Скопје пријави дека на 06.07.2025 околу 23.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила од неговиот 15-годишен син одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.07.2025 во 21.40 часот во СВР Скопје, М.Е.(66) од Скопје пријави дека околу 15.10 часот на подрачјето на Центар, по претходно нарушени соседски односи, бил физички нападнат од Џ.„Н“, З.„Н“ и Џ.„Н“., а притоа му биле упатувани и закани. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 06.07.2025 во 11.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје ја привеле К.А.(40) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.07.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, К.З.(20) од Скопје, пријави дека околу 20.00 часот во с.Средно Коњари, скопско, бил физички нападнат од Б.Ц., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.07.2025 во 23.40 часот во СВР Скопје, Е.И.(34) од Скопје пријави дека околу 23.00 часот на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.07.2025 во 23.20 часот во СВР Скопје, Р.Ј.(25) од Скопје пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.