На 06.03.2025 во 12.25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле М.П.(46) од Велес, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 06.03.2025 во 21.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.С.(44) од Република Србија. Таа се сомничи дека на улица „Пиринска Македонија“ во Куманово одзела паричник на К.А.(81) од Куманово. С.С. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (07.03.2025) во 00.55 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Б.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.03.2025 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.03.2025 во 22.05 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје, го лишиле од слобода Л.Б.(20) од с.Никуштак, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.03.2025 во 12.05 часот на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ш.К.(61) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.03.2025 во 18.00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Ј.М.(37) од село Калуѓерица, радовишко и Д.Л.(49) од село Сулдурци, радовишко. При преглед на патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.М., а сопатник бил Д.К., била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.03.2025 во 16.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.Х.(43) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Швајцарија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 06.03.2025 во 13.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(25) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило „фолксваген пасат“ со германски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативната евиденција на Интерпол како украдено. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (07.03.2025) околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје-Средно Водно, патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од Х.И.Д.(22) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката З.А.(19), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички Е.А.(18) и А.И.(19), сите од Република Турција, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 06.03.2025 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ со кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(34), удрило во пешакот Б.П.(43), двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 06.03.2025 во 19.40 часот во Полициската станица Чаир, Љ.М.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 06.03.2025 во 13.10 часот во Полициска станица Неготино, П.В.(61) од Неготино пријавил дека на улица „Васка Калајџиска“ во Неготино бил каснат од куче скитник.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.А.(71) од дебарското село Бањиште поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на февруари 2025 година, тој узурпирал дел од катастарска парцела во село Бањиште во државна сопственост и изградил станбен објект без да поседува соодветна документација.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против правно лице и против Р.И.(57) од кичевското село Длапкин Дол, сопственик и управител во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“. При контрола извршена на 06.02.2025 на градежна површина со објект во изградба на улица „1-Сервисна“ во Кичево, овластен градежен инспектор при општина Кичево, утврдил дека градбата не била усогласена со добиеното и правосилно одобрение за градење, односно спротивно на член 136 од Закон за градење, пријавениот и правното лице изградиле два ката над котата на дозволената висина, по што градилиштето било затворено. При повторна контрола, извршена на 10.02.2025 година, градежниот инспектор констатирал дека знакот и лентите, биле неовластено отстранети, а на градилиштето се изведувале градежни работи. Со извршувањето на кривичните дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 62.852.724 денари.
На 06.03.2025 во СВР Скопје, 63 - годишник од Охрид, 47 - годишник од Куманово и 37 - годишник од Куманово пријавиле дека во периодот од март до јуни 2024 година биле измамени од С.Ѓ.(59) од Скопје, управител на правен субјект од Скопје. Според пријавеното, тие со правното лице, претставувано од С.Ѓ., склучиле купопродажни договори за патничко возило „ланд ровер“ со охридски регистарски ознаки и две патнички возила „тојота“, двете со кумановски регистарски ознаки, но договорената сума за секое возило поединечно не им била исплатена во определен рок и на тој начин биле оштетени за вкупна сума од околу 80.500 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
На 06.03.2025 околу 12.50 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека К.Е.(69) од Радовиш во дворот од неговата куќа го стартувал тракторот „ИМТ 539“, а откако се симнал, тракторот се придвижил наназад и го удрил. К.Е. бил пренесен во Општа болница Радовиш, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 06.03.2025 во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА" во Тетово, патничко возило „фолксваген пасат" со тетовски регистарски ознаки, удрило во детска количка, која на пешачки премин ја туркале Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, во која било нивното 15 - месечно дете, по што возилото го напуштило местото. По преземени мерки и активности, било пронајдено возилото и возачот А.М.(67) од с.Шипковица, тетовско. Во незгодата со телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 06.03.2025 во 21.16 часот во СВР Скопје, З.Ј.(45) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, додека тој и неговиот колега А.А.(24) од Скопје, извршувале работни задачи со пајак служба на ЈП „Градски паркинг“, Г.С.(55) и Г.К.(52), двајцата од Скопје, агресивно се однесувале и ги влечеле за облеката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.03.2025 околу 13.30 часот во СВР Скопје, Е.А.(58) од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба ја пронашол почината неговата сопруга Р.А.(57) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
На 07.03.2025 во 04.31 часот во СВР Скопје, 23 - годишна девојка пријавила дека во објект на подрачјето на општина Кисела Вода, М.З.(22) и И.А.(35) извршиле обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.03.2025 во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрило во велосипед управуван од Ј.Б.(70) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во незгодата, Ј.Б. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 06.03.2025 во 11.25 часот во СВР Скопје, Љ.Џ.(64) од Скопје пријавила дека околу 10.00 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, била физички нападната од М.„Н“, кого го познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.03.2025 во 12.40 часот во СВР Куманово, Д.М.(28) од Куманово пријавил дека на плоштад „Маршал Тито“ во Куманово бил каснат од куче скитник.
На 06.03.2025 во 13.20 часот во Полициската станица Центар, Л.В.И.(54) од Скопје пријавила дека на ул.„Стале Попов“ во Скопје била касната од куче скитник.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 01.11.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Б.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 19.11.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 29.12.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија , при што употребил и остар предмет.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Н.(29) и А.П.(28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 28.12.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.07.2023, полициски службеници извршиле претрес на три локации, кои ги користел пријавениот, при што биле пронајдени и одземени метамфетамин, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.В. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 30.07.2024 на наплатна рампа Тетово - Гостивар, пријавениот агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на вработените.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.И.(34) и А.А.(38), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.11.2024, пријавените се обиделе со употреба на сила да влезат во канцеларијата на градоначалникот на Тетово и упатувале закани кон двајца вработени.
ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против А.Ш.(31) од Битола - референт за сеча во Јавното претпријатие „Национални шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од 30.11.2023 до 05.11.2024, пријавениот дозволил да има недостаток на дрвна маса од 83,30 кубни метри во ШСЕ „Бигла“ - шумски склад „Пречиста“ со што нанел штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“ од 133.280 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.К.(46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 31.12.2024 во Тетово, пријавениот физички го нападнал А.А. од Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“. На 08.12.2023 во с.Врапчиште, пријавениот прикрил траги и предмети со кои е извршено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ на начин што прикрил патничко возило „пежо“ со словачки регистарски ознаки, управувано од А.М., со кое удрил во пешакот Н.П., која се здобила со тешки телесни повреди.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од 21.09.2021 до 25.12.2023, пријавениот во неколку наврати, со лажно прикажување и прикривање на факти, довел во заблуда повеќе граѓани на Гостивар, со што ги навел да нанесат штета на својот имот и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 440.600 денари.