Денеска (06.07.) околу 00,11 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „БМВ 320“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(31) од село Дамјан, радовишко, излетало од патот. Во несреќата А.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 05.07.2025 година во 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улиците „Орце Николов“ и „Миладин Поповиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ц.(49) и мотоцикл „Пиаџо“, управуван од Л.С.(27) двајцата од Скопје. Во несреќата Л.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 05.07.2025 година во 20,35 во СВР Скопје е прјавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(24) од Република Турција, со престој во Скопје, и патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната Ј.П. од Скопје. Во несреќата Ј.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.
На 05/06.07.2025 година во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.А.(52) од Пробиштип, Л.Ѓ.(19) и еден малолтеник, двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (06.07.) во 02.05 часот, пред ноќен клуб лоциран во туристичкиот комплекс „Горица“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија Г.Р.(38) од охридското село Лескоец. При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е паковка со бела грутчеста материја додека во неговото возило „Волво“ со охридски регистарски ознаки, пронајдена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.07.2025 година во 00.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишија Е.М.(38) од Охрид. При извршен преглед во возилото „Голф“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, кај него пронајдена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.07.2025 година во 19.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.Д.(36) од Штип, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.07.2025 година во 06.30 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово во близина на Градскиот стадион, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го лишиле од слобода С.С.(37) од село Долно Седларце, кај кого при преглед биле пронајени и одземени две мали зипер кеси со непозната зелена тревкаста материја. Тој е задржан во полоциска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Денеска (06.07.) во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.П.(25) од Куманово, поради тоа што кај неа биле пронајдени и одземени марихуана, една дробилка, ризли и пари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.07.2025 година во 18.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.И.(21) од кумановско село, а постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 17.00 часот во семејниот дом, со остри предмети им упатувал закани по живот на неговите родители. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.07.2025 година во 22,00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино, во казино во Неготино, го приведоа Б.С. (40) од Република Унгарија, а во 23.45 часот и лицата Д.К.(61), А.Л.(38) и И.Ц.(48), сите од Република Турција, затоа што е констатирано дека истите влегле во државава, но во законскиот рок не пријавиле престојувалиште, со што сториле прекршок по чл.190 ст. 3 од Закон за странци. За настанот е известен инспектор за странци за понатамошно постапување.
На 05.07.2025 година во 21.15 часот во СВР Тетово, Ј.К.(43) од село Голема Речица, тетовско, пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот на подрачјето на Петровец, скопско, откако претходно договорил средба со негова пријателка од Куманово, бил пресретнат од две машки лица со патничко возило, од кои едното вооружено со огнено оружје, и со закана му одзеле пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (06.07.) во 01.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(25) од село Батинци, скопско, поради тоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, а по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир на подрачјето на Центар по случена сообраќајна незгода. Се работи на целосно документирање на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.
На 05.07.2025 година во 09.20 часот во ПО Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека неговиот штитеник Н.С.(13) кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, го напуштил семејниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 05.07.2025 година во два одвоени случаи, поточно во 13.09 часот и во 14.48 часот во СВР Скопје, од страна на Д.А., во својство на градоначалник на град Скопје и А.Ј. во својство на инспектор при Град Скопје, е пријавено дека на улиците „Аврам Писевски“ и „Индира Ганди“ во Скопје биле констатирани диви приклучоци на градската водоводна и канализациона мрежа, без налог и одобрение од градот, при што во првиот случај пријавителите биле спречени од страна на граѓани во натамошно извршување на службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
На 05.07.2025 година во 22.00 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(48) од Скопје пријавила дека околу 18.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од тројца малолетници, а едниот од нив употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.07.2025 година во 17.05 часот во СВР Скопје, В.Д. (44) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14.20 часот во Градскиот трговски центар на подрачјето на Центар, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (06.07) во 00.10 часот во СВР Скопје, А.Л.(32) од село Арачиново, скопско, пријавил дека пред неговата куќа слушнал истрели од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од пиштолска муниција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.