На 05.01.2025 околу 19.30 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода А.И.(20) од с.Огњанци, скопско и малолетник од с.Палатица, општина Желино, затоа што во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија. Претходно, полициските службеници со употреба на дрон ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото, а по преземени мерки возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.
На 05.01.2025 во 15.00 часот во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Т.М.(41) од с.Брвеница, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и пет месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство по член 144 став 2 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.А.(38) и М.М.(20), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик. По преземени мерки и активности било констатирано дека на 16.12.2024 околу 05.00 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на З.К.К. од Штип. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека во периодот од 28.12.2024 до 31.12.2024, пријавените во повеќе наврати преку смс пораки упатиле закани кон М.А.А. од Штип со намера да му изнудат пари. Двајцата биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Штип, кој им определил мерка притвор во траење од 30 дена.
На 06.01.2025 во 02.00 часот на ул.„Кичевска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.К.(42) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2025 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле И.Д.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2025 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2025 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(23) од с.Мралино, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2025 во 16.20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.В.(32) од Прилеп затоа што при преглед во неговото патничко моторно возило „бмв" со прилепски регистарски ознаки била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2025 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.01.2025 во 18.30 часот на улица ,,Никола Тесла“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Д.С.(69) Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 05.01.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Г.С.(50) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.01.2025 во 16.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.В.(73) од Скопје пријавил дека на ул.„Ташко Караџа“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.01.2025 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, А.А. од Скопје пријавил дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.01.2025 во 23.00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода М.Ј.(43) од Македонска Каменица поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. При контрола на возилото „пежо 106“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички не се од возилото, туку дека припаѓаат на друго возило и дека возилото го нема во евиденцијата на МВР. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.01.2025 во 21.30 часот во СВР Охрид, С.В.(50) од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на ул.„Париска комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „бмв х3“ со охридски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе куршуми со различен калибар кои неовластено ги поседувал.
На 05.01.2025 во 22.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Љубин, општина Сарај, настанал пожар во објект, сопственост на А.С.(31) од с.Љубин, од кој дел бил издаден под закуп на С.А.(51) од с.Сарај и бил користен како автосервис. Повредени лица нема, а во пожарот биле опожарени четири патнички возила кои биле во автосервисот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
На 05.01.2025 во 10.07 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Драчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од с.Студеничани, скопско. Според пријавеното, малолетникот заедно со негов малолетен другар влегле во двор на правен субјект во с.Студеничани, сопственост на К.С.(29), при што неговиот другар одврзал едно куче кое потоа го нападнало и каснало малолетникот и му ги нанело повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (06.01.2025) во 01.00 часот во СВР Скопје, Н.М.(46) од Скопје пријавил дека на 05.01.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, Г.С.(41) од с.Трубарево, општина Гази Баба, пријавил дека настанал пожар на оџакот од неговата куќа. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 05.01.2025 во 09.55 часот во Полициското одделение Теарце, М.А.(45) од с.Теарце, тетовско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.
На 05.01.2025 во 20.00 часот во Полициското одделение Маврово, С.Д.(54) од Скопје пријавила дека нејзината ќерка М.Д. во с.Маврово била касната од куче скитник.