Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 05.06.2025

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Р.(71) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 20.05.2025 во с.Костиндол, општина Македонска Каменица, пријавениот со моторна пила извршил оштетување на бандера за пренос на електрична енергија и на тој начин предизвикал опасност за луѓето и имотот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против У.Б.А.(25) од Република Турција, со привремен престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против С.Н.С.(23), А.Е.(20) и Д.Б.(24) сите од Република Турција, со привремен престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 27.01.2025 и 18.02.2025, пријавениот У.Б.А. во два наврати, за паричен надомест на пријавените С.Н.С., А.С. и Д.Б., им извршил преправки на датите од штембилот за влез во државата, при што на 18.02.2025 и 20.02.2025 во СВР Штип, пријавените ги употребиле фалсификуваните документи за постапка за добивање на решение за краткотраен престој од 90 дена во државата.                              
СВР Велес поднесе кривична пријава против Џ.И.(43) од с.Долно Јаболчиште, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што се пронајдени и одземени полуавтоматско долго оружје и муниција за лов и спортско стрелаштво.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ф.М.(56) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На место викано Текето во Делчево, пријавената го шетала своето куче без соодветна заштитна опрема, кое каснало лице од Скопје.

На 04.06.2025 во 19.20 часот во Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Куманово, во с.Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано Т.Ј.(51) од с.Арачиново и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот мотоциклист, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 04.06.2025 во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативен парк Тоше Проески во нас.Ново Лисиче, електричен тротинет удрил во двегодишно дете од Скопје, по што лицето што го управувло со тротинетот го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(30) од Скопје, прегазил на стапало полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Притоа, полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ - Скопје. Извршен е увид.

На 04.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Н.(29) и М.Л.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 04.06.2025 во 10.50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(37) од Република Бугарија затоа што при гранична контрола и проверка во патничко возило „нисан“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се електрошок и солзавец. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 04.06.2025, полициски службеници од СВР Струмица во заедничка акција со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и трудови инспектори извршиле контрола на градилишта на подрачјето на Струмица. При контролата, на две градилишта затекнале 13 лица турски државјанин, кои го злоупотребиле престојот и вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 04.06.2025 во 11.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 02.11.2024 до 04.06.2025 со употреба на физичка сила и погоден алат од гробиштата во населба Драчево е одземена биста со лик од починато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.06.2025 во 20.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ф.С.(46) од Скопје пријави дека од домот се оддалечил неговиот син Е.С.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 04.06.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно нарушени меѓусоседски односи, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Д.(40) од една страна и З.А.(52) и Д.А.(47), од друга страна, сите од Скопје. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 04.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, Ф.Ц.(30) од Скопје пријавил дека на 03.06.2025 во 16.30 часот на велосипедска патека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.06.2025 во 23.20 часот во СВР Струмица, Т.М.(36) од с.Банско, струмичко, пријавил дека околу 22.20 часот  во с.Банско, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од едно машко лице од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност