На 04.01.2025 година во 17.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, атар на с.Војник, општина Старо Нагоричане, патничко возило „Фолксваген голф“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(50) од село Талашманце, кратовско, а во сопственост на А.Љ.(25) од Кратово, удрило во пешак Д.С.(69) од Куманово. Во несреќата Д.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 04.01.2025 година во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Л.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.01.2025 година во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Н.(33) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.01.2025 година во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.01.2025 година во 16.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (05.01.) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Х.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.01.2025 во 12.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Н.Ј.(19) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.01.2025 во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по чл.80 ст.1 од Законот за оружје.
На 04.01.2025 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Ѓ.(26) од Скопје пријавила дека на улицата „Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 04.01.2025 во 09.30 часот во Полициската станица Велес У.К.(54) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77) од истото село се оддалечил од неговиот дом. Според пријавеното, претходниот ден во 22.00 часот добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „Спарк“ со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш, по што В.С. а потоа и пријавителот со неколку други лица во текот на ноќта извршиле обиколки на патот но не успеале да го пронајдат. На 04.01. по претходна пријава во СВР Штип од страна на лицето Т.М. дека негов вработен, во кругот на ТИРЗ - Штип, забележал на коловозот починато лице, во 12,00 часот од страна на увидна група при ПС за БПС Штип и ОКТУПА при СВР Штип, заедно со ИМП Штип излезено е на лице место при што е констатирано дека се работи за лицето М.Г. По насоки и овластување од надлежен ЈО при ОЈО Штип извршен е увид а телото е предадено за обдукција.
На 04.01.2025 година во 17.30 часот во СВР Скопје, Д.В.(26) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14.15 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање бил физички нападнат од С.И., Г.И. и уште едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.01.2025 година во 15.33 часот во Полициската станица Гази Баба од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека истиот ден околу 06.30 часот во установата осуденикот А.А. (27) од с.Јеловјане, тетовско, според пријавеното, бил физички нападнат од други двајца осуденици Т.Е. (32) и М.Ш. (50) двајцата од Скопје. Тој бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош и повторно бил вратен во КПУ Идризово. Извршен бил увид од увидна екипа од ПС Гази Баба. Се работи на расчистување на случајот.
На 04.01.2025 година во 21.40 часот, на паркинг простор пред казино во струшкото село Велешта, лишен од слобода е Б.Б.(37) а на разговор во ОВР Струга, повикан е А.А.(39), двајцата од струшкото село Корошишта. При преглед во паркирано патничко возило „Фолксваген Лупо“ во кое, двајцата се наоѓале, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа две опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе поднесе соодветна пријава.
Денеска (05.01.) во 02.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е Б.Р.(26) од Поградец, Република Албанија, откако кај него, била пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.01.2025 година во СВР Куманов лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив со повреди бил донесен малолетник. Според пријавеното малолетникот со повредите се здобил од пиротехнички средства- петарди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (05.01.) во 00.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Глигор Прличев" во Битола настанал пожар во патничко моторно возило марка „пежо“ со битолски регистарски ознаки сопственост на В.А .од Битола. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Битола, при што, повредени лица нема, а причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 04.01.2025 година во 16.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во патнички автомобил „Пежо 407“, паркирано на улицата „Даме Груев“ во Охрид, сопственост на А.К.(55) од Велес, избувнал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се работи на расчистување на случајот.
Денеска (05.01.) во 04.15 часот полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.Ј.(39) од село Тимјаник, неготинско, затоа што пред казино во Неготино, тој и Д.Ј.(35) од Неготино, по вербална расправија го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Со Д.Ј. бил извршен службен разговор, а А.Ј. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.