Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 04.01.2025

На 03.01.2025 година во 23.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улицата „Бранко Станоевиќ“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Л.А. (24) од Тетово и патничко возило „Хјундаи“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(51) од село Стар Балин Дол, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Л.од патничкото возило „мерцедес“, додека пак со телесни повреди се здобиле возачот на „Мерцедесот“ и неговиот втор сопатник - А.З. Повредите се констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На 03.01.2025 година во 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.20 часот на паркинг простор лоциран на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило, управувано од непознат сторител удрило во пешак Е.А.(30) од Скопје и го напуштило местото на настанот. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Во врска со сообраќајната несреќа од 02.01. 2025 година на локалниот пат Сарај- село Рашче во која што патничко возило марка „Ауди“ управувано од Н.А. (23) излегло надвор од коловозот и паднало во коритото на реката Вардар, на 03.01.2025 во 14,48 часот во коритото на реката Вардар, непосредно каде што беше извлечено ПМВ Ауди, беше пронајдено и безживотното тело на исчезнатото лице А.А., за што е запознаен надлежен ЈО.

 

На 03.01.2025 година во 16.00 часот на Граничниот премин - Меѓународен Аеродром – Скопје, полициски службеници лишиле од слобода две шеснаесетгодишни лица шпански државјани, кои патувале со своите родители, а поради тоа што при ПДЗ контрола кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. За настанот бил известен дежурен ЈО од ОЈО Скопје и обвинител за малолетни лица, и биле дадени насоки против малолетниците да се поднесе прекршочна пријава по основ на Закон за експлозивни материи , а додека со родителите да се изврши информативен разговор.

 

На 03.01.2025 година во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.01.2025 година во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(29) од с.Марино, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.01.2025 во 10.50 часот Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (04.01.) во 03.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.01.2025 година во 20.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, го лишиле од слобода А.И. (23) од село Србиново, гостиварско. При низвршен преглед над него и неговото патничко возило „Сеат Ибица“ со гостиварски регистерски таблици, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 03.01.2025 година во 20.20 часот на улица „Петре Прличко“ на автобуска станица во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода П.К.(18) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена НН зелена растителна материја. П.К. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 03.01.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Битола во паркот кај Стив Наумов ги лишиле од слобода М.Е.(39) и В.Р.(35) двајцата од Битола. При преглед кај В.Р. била пронајдена прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава .Од страна на полициски службеници М.Р. бил спроведен во КПУ Затвор Битола бидејќи истиот со судска наредба се барал за издржување на затворска казна во траење од 30 дена.

 

На 03.01.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Битола во Битола ги лишиле од слобода М.Е.(39) и В.Р.(35) двајцата од Битола. При преглед кај В.Р. била пронајдена непозната прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава .Воедно, од страна на полициски службеници М.Е. бил спроведен во КПУ Затвор Битола бидејќи истиот со судска наредба се барал за издржување на затворска казна во траење од 30 дена.

 

Денеска (04.01.) во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Битола на улицата „Илинденска“ во Битола, го лишиле од слобода В.П.(22) од Битола, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

 

На 03.01.2025 година во 18.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Н.(25) од Скопје пријавил дека во населба „Усје“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 03.01.2025 година во 22.00 часот во Полицискатат станица Гази Баба, С.П.(47) од Скопје пријавила дека на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Скопје била касната од куче скитник.

 

На 03.01.2025 година во 21.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.П.(53) од Скопје пријавила дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник.

 

На 03.01.2025 во 09.30 часот во Полициска станица Велес Л.Н.(35) од Чашка, пријавил дека на улицата „Петре Прличко“ во Велес, бил каснат од куче скитник.

 

На 03.01.2025 година во 11.20 часот во ПС Гостивар, К.М.(43) од село Неготино, гостиварско, пријавила дека околу 09.00 часот, додека се движела по улицата „18-ти Ноември“ била касната од куче скитник.

 

На 03.01.2025 година во 23.50 часот во СВР Скопје, А.А.(40) од Скопје пријавила дека истиот ден, околу 23.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија била физички нападната од В.Т.(26) и А.А.(24) двете од Скопје. По целосно документирање на случојот ќе следуваат соодветни поднесоци.  

 

На 03.01.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје, Ф.Л.(46) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.00 часот на тезга на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со остар предмет кон неговиот 17-годишен син, одзел роба. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

На 03.01.2025 година во 11.20 часот на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.М.(22) од Гостивар, кој што бил пријавен од страна на 51 годишна гостиварка, дека истиот ја намамил на обљуба и друго полово дејствие нејзината малолетна ќерка која не наполнила14 години. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.01.2025 година во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, откако претходно не ја почитувале полициската наредба за сопирање на возило, ги лишиле од слобода С.Ш.(42) и еден малолетник, двајцата од село Блаце, скопско. При извршен претрес над патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш., биле пронајдени огревни дрва. Инаку двајцата приведени, најпрво биле забележени во населабата Шуто Оризари но на даден полициски знак „стоп“ тие продолжиле да се движат со возилото при што прво удриле во друго возило „Опел“, а потоа кај мостото во Визбегово удриле и во возило марка „Ауди“. Исто така, при потрагата службено полициско возило марка „БМВ“ сопственост на МВР на РСМ на улица „Индира Ганди“ удрило во патничко моторно возило марка „Поло“ управувано од Т.А. од Скопје.  

 

На 03.01.2025 година во 16.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје женско лице паднало од висина од станбена зграда. Илезено е на лице место и констатирано е дека се работи за лицето М.Ф.(27) од Кратово, со престој во Скопје, која била пронајдена почината што е констатирано од страна на Итната медицинска помош. По насоки на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.01.2025 година во период од 15.50 до 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, согласно судска наредба извршиле претрес во дом и помошни простории на лицето Ќ.А.(37) во село Долна Бањица, и при претресот биле пројадени и одземени две автоматски пушки и две празни рамки, од кои едната автоматска пушка била расклопена на делови. Истовремено било констатирано дека на пушките им биле избришани сериските броеви и потеклото. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.01.2025 година во 15.50 часот полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го лишиле од слобода А.Ј. (24) од село Арачиново, скопско, кој со неговото патничко возило „Ауди“ со скопски регистерски таблици, бил учесник во сообраќајна незгода на улица „Маршал Тито“ кај кружен тек на излез од градот при што заедно со две други лица физички го нападнале Б.С од Тетово кој бил учесник во истата незгода. А.Ј. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднедок.

 

На 03.01.2025 година во 16.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А. (51) од Тетово. Тој бил пријавен од неговата 49- годишна сопруга, дека физички ја нападнал неа и нивниот малолетен син. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.01.2024 година во 20.35 часот во ПС Гостивар, 42- годишна жена од с.Падалиште, Гостиварско, пријавила дека околу 17.30 часот, во нејзниниот семеен дом била физички нападната од нејзиниот син Г.С.(23) и неговата сопруга која е малолетничка. Се преземаат мерки за расчиствање и документирање на случајот.

 

Денеска (04.01.) во 03.40 часот полициски службеници од СВР Тетово на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово го лишиле од слобода С.А.(44) од Тетово. Тој бил пријавен од неговата 41- годишна сопруга дека во нивниот семеен дом, физички ја нападнал. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (04.01.) во 09.00 часот во СВР Велес, извршен бил службен разговор со Ј.С.(56) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна ќерка, дека во семејниот дом, по меѓусебна вербална расправија тој физички ја нападнал и и се заканувал. По документирање на настанот против Ј.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 03.01.2025 година во 16.00 часот во ОВР Прилеп, Т.К.(59) од Прилеп пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од неговиот внук Б.Д.кој притоа му упатил закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На ден 03.01.2025 година во 18,20 часот во просториите на ПС Штип E.E. (52) од село Радање, општина Карбинци пријавил дека истиот ден во 15,40 часот на регионалниот пат пред село Карбинци по претходни расправии, бил физички нападнат од неговиот син М.Е.К (29) со тврд железен предмет во пределот на главата и левата нога, при што му биле нанесени телесни повреди констатирани во Клиничка болница во Штип.

 

На 03.01.2025 година во 10.59 часот во СВР Битола И.Ц.(41)од село Долно Перово, ресенско пријавил дека покрај Преспанско езеро на м.в. „Чарти камен“ пронашол граната. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување истата е подигната а се работи за артилериска граната од 75 мм од Прва светска војна.

 

На 03.01.2025 година во Полициската станица Струмица С.У.(20) од село Владевци, струмичко, пријавил дека во село Владевци тој и лицето Г.У. биле физички нападнати од З.В., Д.К., З.К., П.Д. и Н.В., сите од село Злеово, радовишко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.01.2025 година во 20.15 часот во Полициската станица Струмица К.К.(19) од село Робово, струмичко, пријавил дека околу 04.00 часот во Струмица бил физички нападнат од К.П., А.Ч. и други две лица. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 03.01.2025 година во 10.16 часот во СВР Скопје, Е.Ј.С. од Скопје, пријавила дека на ул.„Александар Македонски“ во Скопје настанал пожар во семејна куќа, сопственост на Е.С.(49) од Скопје. Во куќата се наоѓале нејзиниот 12-годишен син и нејзината мајка, В.Ј. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници при СВР Скопје, двете лица биле безбедно извлечени од куќата и со Итна медицинска помош истите биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, заради вдишување на чад, заедно со уште еден полициски службеник, кој исто така вдишал чад. Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 03.01.2025 година во 08.50 часот во СВР Скопје, Џ.Џ.(49) од село Батинци, општина Студеничани, пријавил дека истиот ден околу 03.20 часот на ул.„1“ во Батинци со непозната запалива материја било опожарено неговото патничко возило „Фолксваген туаран“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема. Возилото било изгаснато од негов роднина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Мени за пристапност