Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 03.01.2025

На 02.01.2025 во 13 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Р.(52) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.01.2025 во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.С.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



На 02.01.2025 во 16.15 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода О.Р.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



На 02.01.2025 во 14.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода С.Ш.(28) од с.Крушопек, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


На 02.01.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода С.С.(22) од Кочани, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.01.2025 во 15.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода И.С.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



На 02.01.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.Љ.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител. Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

 

На 02.01.2025 во 08.16 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Александар Македонски“ со ул.„Републиканска“ во Прилеп, патничко возило „опел мерива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(59) удрило во Т.Ч.(72), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ч., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

На 02.01.2025 во 10.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во с.Жировница, општина Маврово и Ростуше, патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Е.А.(49) удрило во пешак Ш.А.(78), двајцата од с.Жировница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На 02.01.2025 во 10.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Ц.(82) од Скопје пријавил дека на ул.„Македонски војски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.



На 02.01.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.Н.(83) од Скопје пријавил дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 02.01.2025 во 20.40 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Карпалак“ во Прилеп ги лишиле од слобода Д.Т.(30) од Прилеп и Д.П.(19) од с. Мало Коњари, прилепско. При преглед  кај Д.Т. била пронајдена марихуана. Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

На 02.01.2025 во 22 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Стив Наумов” во Битола  го лишиле од слобода В.Ј.(24) од с.Дихово ,битолско. При преглед кај В.Ј. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.01.2025 околу 12 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Затвор Прилеп при извршен преглед на торба на осуденикот К.Ѓ.(36)  од  Прилеп, била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 02.01.2025 околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко М.Н.(65), кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка. По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело „убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.01.2025 во 14.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.З.(39) од скопско село, по претходна пријава дека околу  14 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 70-годишна мајка и неговата 43-годишна сестра. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 02.01.2025 во 10.30 часот во СВР Скопје, А.Ц.(40) од Скопје пријавила дека на 31.12.2024 околу 17.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 02.01.2025 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кадино, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т.(33) и В.С.(27), двајцата од с.Кадино. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На  02.01.2025  во  13 часот во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека нивниот штитеник И.И.(14) од Битола се оддалечил од установата. И.И. и претходно се оддалечувал од установата и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

 

Денеска (03.01.2025) во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека во установата се вратил нивниот штитеник Х.С.(15), за кој на 24.12.2024 беше пријавено дека се оддалечил од установата. 

 

На 02.01.2025 во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од неколку малолетнички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Е.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и Б.Р.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“. На 10.12.2024 во 16.00 часот во с.Мирковци, скопско, по претходна расправија, првопријавениот со пиштол испукал еден проектил кон Д.Ј., но не го погодил, додека второпријавениот, му помогнал да го напушти местото на настанот.   

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(30) и С.С.(36) двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 22.12.2024  пријавените со употреба на сила ја скршиле влезната врата, влегле во домот и со закани и употреба на физичка сила одзеле пари од Б.А и Р.А.

 

На 02.01.2025 во 18.40 часот на патот ГП Табановце- Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, било запрено патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски таблички, управувано од К.Д. (65) од с.Ангелци, Василево. При извршена контрола во возилото се пронајдени кутии во кои имало птици и храна за птици без никаква документација, за кои рекол дека ги носи од Бујановац, Р.Србија. Известен е јавен обвинител и инспектор од Агенција за храна и ветеринарство, а К.Д. е лишен од слобода за понатамошна постапка. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Т.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.11.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 15-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 18.09.2024 на ул.„Орце Николов“  во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.М.(72), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против М.М.(77), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.06.2024 во 17.20 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.М., а како совозач била Х.М., кај која биле пронајдени и одземени 195 куршуми калибар 9 мм.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(28) и А.Т.(31), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.03.2024 и на 22.07.2024 полициски службеници при претрес и при преглед кај пријавените пронашле и одзеле марихуана. 

Мени за пристапност