Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневни настани 02.06.2025

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.A.(20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 21.05.2025 во продажно место во с.Визбегово, скопско, пријавениот со закана со нож кон вработената одзел пари од дневниот промет.

 

Денеска (02.06.2025) во 04.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(19) од Кавадарци затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (02.06.2025) околу 00.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ и ул.„Ленинова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(27) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 01.06.2025 во 06.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, на место викано „Ветерско“, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(39) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 01.06.2025 во 14.05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат за Врбенски манастир во Гостивар, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На 01.06.2024 околу 18.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка и земјен пат што води кон с.Облавце, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(55) од с.Облавце и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.С.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 01.06.2025 во 19.58 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионален пат во с.Будаково, општина Могила, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Мусинци, општина Могила, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мотоциклот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Будаково, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 01.06.2025 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во с.Мрзенци, гевгелиско, В.Д.(48) од Гевгелија, управувајќи мопед со гевгелиски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Д., додека неговата сопатничка М.Д.(51) од Гевгелија се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

 

На 01.06.2025 во 04.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.Г.(25) од Велика Британија затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

 

На 01.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје. Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на подрачјето на Чаир во Скопје, тој и неговиот брат А.А.(32) се обиделе да разделат три лица кои физички се пресметувале, при што биле нападнати со остар предмет. Притоа, и А.А.(32) се здобил со убодни рани и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош. Во врска со настанот, подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на преглед се јавил и Б.Р.(25) од Скопје и во службен разговор изјавил дека бил нападнат од А.А., додека браќата И.А. и А.А. биле нападнати од Б.С. и А.С.. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и на местото е пронајдена бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.06.2025 во 02.15 часот во СВР Скопје, Л.Ј.(18) од Скопје пријавил дека во 01.00 часот во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од Е.Ш.(27) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.06.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, Т.Ј.(53) од Скопје пријавил дека околу 11.50 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила му го одзело паричникот со лични документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.06.2025 во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.З.(44) од с.Инџиково, скопско и И.М.(40) од с.Белица, општина Македонски Брод, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.06.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 34-годишната М.Д. и Н.Д.(41), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Мени за пристапност