На 31.05.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на клучката за село Камењане се случила сообраќајна незгода во која што патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од село Пирок излетало од патот. Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(32) од село Боговиње. Додека, пак, со повреди во Ургентниот Центар-Тетово биле пренесени - возачот на возилото Ј.С. сопатниците В.Р.(28) од село Боговиње, А.М. (10) од село Палатица кои што се здобиле со тешки телесни повреди, како и Ј.О.(21) од село Пирок, А.М.(6) од село Боговиње и А.Р.(15) од село Долно Палчиште. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.
На 31.05.2025 во 19.55 часот, во ОВР Кавадарци е пријавено дека на улица „Ленинова“ во Кавадарци, случена е сообраќајна несрека во која пешак-малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, удрил во патничко возило „Фолксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н.(19) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во општа болница Кавадарци. Известен е јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 31.05.2025 година во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(60) од Скопје и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(49) исто така од Скопје. Во несреќата М.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска (01.06.) година во 02.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пешачка патека пред угостителски објект на подрачјето на Центар, В.Ж. (23) од Скопје управувајќи мопед изгубил контрола удрил во метални саксии. Тој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 31.05.2025 година во 22.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(50) и мотоцикл „Хонда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ф.Ц.(19) инаку и двајцата од Охрид. Во несреќата Ф.Ц. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 31.05./01.06.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Е.(25) , М.Д.(28) , В.Н.(19) сите од Скопје, како и С.Д.К.(18) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 01.06.2025 година во 00.30 часот во село Боговиње, полициски службеници од ПО-Камењане го лишиле од слобода А.А.(34) од Тетово, кај кого при извршен преглед бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 31.05.2025 во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Велес, лишија од слобода малолетник од Велес кој што при обид да биде легитимиран од џебот фрлил кесе со НН зелена растителна материја и почнал да бега по што по кратко време бил сопрен. Тој е приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а НН зелената растителна материја била пронајдена и одземена. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.06.2025 година во 01.15 часот полициски службеници од СВР Тетово на регионалниот пат Тетово- село Желино, ја лишиле од слобода Ф.Ш.(19) од Гостивар, кај која во патничко возило „Оpel Corsa“ со гостиватски регистерски таблици, бил пронајден и одземен пиштол марка „SMITH & WESSON“ со шест куршуми калибар 45 милиметри. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок во врска член 396 од КЗ на РСМ.
На 31.05.2025 година во 20.20 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.К.(47) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата ќерка, дека во нивниот семеен дом истиот физички ја нападнал неговата сопруга. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Денеска (01.06.) во 00.00 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека на претходниот ден околу 14.00 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од нивниот татко, односно нејзиниот поранешен сопруг Б.К.(38) и неговите родители М.К. и М.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.05.2025 во 19.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Н.(68) од Скопје, а по претходна пријава дека околу 17.30 часот на подрачјето на општина Аеродром физички ги нападнал неговата поранешна 76-годишна сопруга и нејзиниот син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.05.2025 година во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред станбена зграда на подрачјето на Карпош, едно машко лице физички ја нападнал 69-годишната Т.Н од Скопје, и притоа и го одзел паричникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.05.2025 година во 21.30 часот во Полициската станица Гевгелија, А.Ф.(49) од Гевгелија пријавила дека истиот ден, во временски период од 16.00 до 19.30 часот од семејната куќа, со употреба на физичка сила и погоден алат и биле одземени пари односно плико со 20.000 евра. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од ОЈО гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.05.2025 година во 00.40 часот во угостителски објект во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип при извршена акциска контрола привеле двајца малолетници поради присуство на малолетни лица во угостителски објект после 00.00 часот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.06.) година во 01.00 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад во содејство со полициски службеници од СВР Охрид извршиле акциска контрола во кабаре во Охрид. При контролата поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава, спротивно на целта, биле приведени вкупно осум странски државјанки на возраст од 23 до 43 години, од кои една државјанка од Република Србија, една од Казахстан и шест државјанки од Русија. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.