РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 став (5) од Законот за прекршоците („Сл. весник на РСМ“ бр. 96/19 и 253/23), Комисијата за одлучување по прекршоци, Одделение за прекршоци - Велес, во СППТРСМ, Оддел за прекршоци, при МВР, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи:
ДОСТАВА СО ЈАВНА ОБЈАВА
Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, СППТРСМ, Одделение за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека направи 2 (два) обиди за достава на ИЗВЕСТУВАЊА за поднесени барања за поведување на прекршочна постапка од ЗППЈРМ, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:
- Ерџан Зекиров, живее на ул. „Благој Страчковски“ бр. 102, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1244/25 од 11.08.2025 година;
- Рукија Акиф, живее на ул. „Рељо Шестокрило“ бр. 39, општина Скопје – Шуто Оризари, а престојува на ул. „Благој Страчковски“ бр. 76, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1383/25 од 11.08.2025 година;
- Сафет Осман, живее на ул. „Јордан Џурнов“ бб, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1384/25 од 11.08.2025 година;
- Рукија Акиф, живее на ул. „Рељо Шестокрило“ бр. 39, општина Скопје – Шуто Оризари, а престојува на ул. „Благој Страчковски“ бр. 76, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1383/25 од 11.08.2025 година;
- Сафет Осман, живее на ул. „Јордан Џурнов“ бб, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1384/25 од 11.08.2025 година;
- Сафет Осман, живее на ул. „Јордан Џурнов“ бб, општина Велес, Известување П.П. бр. П-19.2.3-1388/25 од 03.07.2025 година;
- Сафет Осман, живее на ул. „Јордан Џурнов“ бб, општина Велес, Известување П.П. бр. П-19.2.3-1390/25 од 03.07.2025 година;
- Аркн Алиов, живее на ул. „Шаин Маале“ бр. 51 општина Радовиш, Известување П.П. бр. П-19.2.3-1432/25 од 15.08.2025 година;
- Алмедин Демиров, живее на ул. „Средорек“ бр. 11 општина Куманово, Известување П.П. бр. П-19.2.3-1419/25 од 07.08.2025 година;
- Алмедин Демиров, живее на ул. „Средорек“ бр. 11 општина Куманово, Известување П.П. бр. П-19.2.3-1417/25 од 07.08.2025 година и
- Роберт Тодоровски, живее на ул. „1“ бб с. Долно Оризари општина Битола, Известување П.П. бр. П-19.2.3-1430/25 од 26.08.2025 година.
Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР – СВР ВЕЛЕС, на ул. „Панко Брашнаров“ бб, во Велес, во својство на странки за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА, заедно со примерок од барањата за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно член 56 став (5) од Законот за прекршоците.
Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од уредното доставување на писмената, не се произнесат писмено по поднесеното барање против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 60 од Законот за прекршоците.
Одделение за прекршоци - Велес