Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ВЕЛЕС

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО  ЗА  ВНАТРЕШНИ  РАБОТИ

 

Врз основа на член 88 став (5) од Законот за возила („Сл. весник на РМ“ бр. 140/08, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 и 154/15), Комисијата за одлучување по прекршоци, Одделение за прекршоци - Велес, во Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Оддел за прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи:

 

ДОСТАВА  СО  ЈАВНА  ОБЈАВА

 

Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Одделение за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека направи обид за достава на ИЗВЕСТУВАЊА за поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:

  1. Стеван Ѓорѓиевски, живее на ул. „Климент Охридски“ бр. 50, во Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-910/25 од 11.06.2025 година
  2. Стеван Ѓорѓиевски, живее на ул. „Климент Охридски“ бр. 50, во Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-909/25 од 11.06.2025 година
  3. Гоце Димовски, живее на ул. „Никола Карев“ бр. 39 во Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1148/25 од 09.06.2025 година
  4. Ибраим Дестанов, живее на ул. „Благој Страчковски“ бр. 90 во Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1196/25 од 15.07.2025 година
  5. Емран Мамудоски, живее на ул.„ Бабуна“ бр. 2, општина Прилеп, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-322/25 од 12.02.2025 година
  6.  Енгис Зекиров. живее на ул.„ Благој Страчковски“ бр. 90, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1170/25 од 22.05.2025 година
  7. Мемет Јашаров, живее на ул. „Благој Страчковски“ бр. 94, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-877/25 од 16.06.2025 година;
  8. Седат Џемаилов, живее во с. Бузалково бб, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-902/25 од 16.06.2025 година и
  9. Христијан Брчков, живее на ул. „Андон Шурков“ бр. 10-40, општина Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-964/25 од 16.06.2025 година

 

Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР –СВР ВЕЛЕС, на ул. „Панко Брашнар“ бб, во Велес, во својство на странки за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА, заедно со примерок од Барањата за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно член 88 став (5) од Законот за возила.

Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од уредното доставување на писмената, не се произнесат писмено по поднесеното барање против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 63 од Законот за прекршоците.

 

                                                                                     Одделение за прекршоци – Велес

                                                                              Комисија за одлучување по прекршоци

Мени за пристапност