Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ВЕЛЕС

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

РЕПУБЛИКА  СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО  ЗА  ВНАТРЕШНИ  РАБОТИ

 

Врз основа на член 56 став (5) од Законот за прекршоците („Сл. весник на РСМ“ бр. 96/19 и 253/23), Комисијата за одлучување по прекршоци, Одделение за прекршоци - Велес, во СППТРСМ, Оддел за прекршоци, при МВР, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи:

 

ДОСТАВА  СО  ЈАВНА  ОБЈАВА

 

Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, СППТРСМ, Одделение за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека направи 2 (два) обиди за достава на ИЗВЕСТУВАЊА за поднесени барања за поведување на прекршочна постапка од ЗВ, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:

  1. Рифат Демири (Незири), живее на ул. „8-ми Септември“ бб, општина Градско, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1901/25 од 08.10.2025 година;
  2. Земри Демири, живее во с. Страхојадица бб, општина Скопје - Зелениково, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1904/25 од 08.10.2025 година;
  3. Владимир Трајковски, живее на ул.„ Мехмед Гега“ бр.Б 12 А, општина Чаир -Скопје, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1922/25 од 08.10.2025 година;
  4. Мерват Зеќиров, живее во с. Горно Јаболчиште, општина Чашка- Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-1884/25 од 17.09.2025 година;
  5. Стефан Петрушевски, живее на ул.„ Димитар Влахов“ бр.16, општина -Велес, Известување П.П. бр. Ф-19.2.3-2133/25 од 16.10.2025 година;
  6. Јонуз Красниќ, живее на ул. „Хаџи Јован Шишков“ бр. 89Б општина Скопје, Известување П.П. бр. П-19.2.3-1857/25 од 15.10.2025 година и
  7. Афет Рушити, живее на ул. „12“ бр. 265 општина Арачиново, Известување П.П. бр. П-19.2.3-1871/25 од 15.10.2025 година.

Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР – СВР ВЕЛЕС, на ул. „Панко Брашнаров“ бб, во Велес, во својство на странки за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА, заедно со примерок од барањата за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно член 56 став (5) од Законот за прекршоците.

Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од уредното доставување на писмената, не се произнесат писмено по поднесеното барање против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 60 од Законот за прекршоците.

                                                                                     Одделение за прекршоци - Велес

Мени за пристапност