РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 став (5) од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96/19), Комисијата за одлучување по прекршоци, Одделение за прекршоци Велес, во Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Оддел за прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, а в.в. со Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од корона вирусот Covid-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Сл.Весник на РСМ“ бр.107/20 и бр.118/20), врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи:
ДОСТАВА СО ЈАВНА ОБЈАВА
Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Одделение за прекршоци Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека направи обид за достава на РЕШЕНИЈА за поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:
- Амет Јашар од Штип, ул.Радански пат број 187, општина Штип, по решение П.П.бр.Ф-19.2.3-508/21 од 07.06.2021 г..
Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР – СВР ВЕЛЕС, на ул. „Панко Брашнар“ бб, во Велес, во својство на странки за прием на горенаведените РЕШЕНИЈА, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно член 56 став (5) од Законот за прекршоците.
Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од уредното доставување на писмената, не се произнесат писмено по поднесеното барање против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 65 од Законот за прекршоците.
Одделение за прекршоци - Велес
Комисија за одлучување по прекршоци