РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 36 став (5) од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир („Службен весник на РМ“ бр. 66/07 и 152/15), Комисијата за одлучување по прекршоци, Одделение за прекршоци – Велес, во Сектор за прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи:
ДОСТАВА СО ЈАВНА ОБЈАВА
Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци, Одделение за прекршоци – Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека направи обид за достава на ИЗВЕСТУВАЊА за поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:
- Верче Баракова, живее на ул. „Христо Татарчев“ бр. 16/2 општина Велес, Известување П.П. бр. П-19.2.3-732/25 од 30.04.2025 година
- Сафет Осман, живее на ул. „Јордан Џурнов“ бб, општина Велес, Известување П.П. бр. П-19.2.3-577/25 од 17.03.2025 година.
- Ердијана Идризи, живее на ул. „Средорек“ бр. 5, општина Куманово, Известување П.П. бр. П-19.2.3-737/25 од 10.04.2025 година.
- Армандо Мустафа, живее на ул. „Петре Прличко“ бб, општина Велес, Известување П.П. бр. П-19.2.3-738/25 од 10.04.2025 година.
Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР –СВР ВЕЛЕС, на ул. „Панко Брашнар“ бб, во Велес, во својство на странки за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА, заедно со примерок од Барањата за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно член 36 став (5) од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од уредното доставување на писмената, не се произнесат писмено по поднесеното барање против истите, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 63 од Законот за прекршоците.
Одделение за прекршоци – Велес
Комисија за одлучување по прекршоци