РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 88 став (5) од Законот за возила („Службен весник на РМ“ бр. 140/08, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 и 154/15), Комисијата за одлучување по прекршоци, Одделение за прекршоци Велес, во Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Оддел за прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи:
ДОСТАВА СО ЈАВНА ОБЈАВА
Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на РМ, Одделение за прекршоци Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички лица, дека има донесено РЕШЕНИЈА, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:
- Асан Нурчески, живее во с.Мелница, општина Чашка-Велес, Решение П.П. бр. Ф-19.2.3-210/24 од 22.08.2024 година;
- Лазо Малковски, живее на ул. „Костурска“ бр. 28, општина Велес , Решение П.П. бр. Ф-19.2.3-382/24 од 22.08.2024 година
- Биран Мемедов, живее на ул.„ Прохор Пчински“ бр.66, општина Чашка-Велес,
Решение П.П. бр. Ф-19.2.3-1367/24 од 21.02.2025 година;
- Ѓохан Јашаров живее на ул. „Благој Страчковски“ бр. 76, општина Велес , Решение П.П. бр. Ф-19.2.3-2212/24 од 05.03.2025 година
- Рахман Демир, живее на ул. „Крушевска“ бр. 30, општина Велес, Решение П.П. бр. Ф-19.2.3-1910/23 од 22.08.2024 година;
- Џеват Демиров, живее на ул. „Благој Страчковски“ бр. 2, општина Велес, Решение П.П. бр. Ф-19.2.3-226/24 од 14.10.2024 година и
- Александар Шапета, живее на ул. „Коле Цветков“ бр. 167, општина Велес, Решение П.П. бр. Ф-19.2.3-566/24 од 14.10.2024 година
Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР, Одделението за прекршоци - Велес, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР –СВР ВЕЛЕС, на ул. „Панко Брашнар“ бб, во Велес, во својство на странки за прием на горенаведените РЕШЕНИЈА, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување на писменото, а согласно член 88 став (5) од Законот за возила.
Одделение за прекршоци – Велес
Комисија за одлучување по прекршоци