РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на чл. 56 ст.5 од Законот за прекршоците („Службен Весник на РСМ“ бр.96/19), Одделението за прекршоци БИТОЛА – Комисија за одлучување по прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши :
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Битола – Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведеното лице, дека има донесено одлука - РЕШЕНИЕ кое не е во состојба да се достави со лична достава и тоа на :
1. Томислав Баљаров, род.на 12.09.1978 год. во Битола, каде и живее на ул.”Пеце Матичевски” бр.38А, по предметот П.П.бр.19.2.1-914/22 од 07.03.2022 г.
Се повикува горенаведеното лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на МВР - Одделението за прекршоци Битола, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР - СВР Битола, на ул. „Булевар 1-ви Мај“ бр.65 - БИТОЛА, во својство на странка за прием на погоре наведеното РЕШЕНИЕ, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот, па доколку странката е незадоволна од одлуката во донесеното РЕШЕНИЕ, против истото ќе можат да поднее редовно правно средство согласно Законот и согласно наведената правна поука во самото Решение.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Доколку странките не се јават во погоре наведениот рок кај наведениот прекршочен орган заради прием на писмената - Решенијата, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за нивно уредно доставување до странките, а согласно со погоре наведената одредба од чл. 56 ст.5 од Законот за прекршоците .
Одделение за прекршоци – Битола
Комисија за одлучување по прекршоци