РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на 56 став 5 од Законот за прекршоци („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.96/19) Одделение за прекршоци Тетово 1, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, врши објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија :
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територија на Р.С.М, Одделение за прекршоци – Тетово 1, Комисијата за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените правни и физички лица, дека направи два последователни обида за достава на ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на :
- Азми Камберовски од Скопје ул„Б. Шабани“ бр.49, Општина Скопје-Чаир, П.П.бр.19.2.10-1597/24 од 06.11.2024 година,
- Шпензим Вељиу од с.Неготино-Полошко, Општина Врапчиште, П.П.бр.19.2.10-1739/24 од 20.11.2024 година,
- Серкан Узеири од с.Д- Бањица, Општина Гостивар, П.П.бр.19.2.10-1749/24 од 20.11.2024 год,
- Берат Рустеми од с.Селце Кеч, Општина Боговиње, П.П.бр.19.2.10-1750/24 од 20.11.2024 год,
- Аљтин Камберовски од Скопје ул„Максут Садик“ бр.26/А, Општина Скопје-Чаир, П.П.бр.19.2.10-1767/24 од 20.11.2024 г,
- Рамазан Абаз од Скопје ул„Црноок“ бр.1, Општина Шуто Оризари, П.П.бр.19.2.10-1943/24 од 26.11.2024 година,
- Алирами Беџети од с.М-Речица, Општина Тетово, П.П.бр.19.2.10-2063/24 од 23.12.2024 год,
- Саљи Исмани од с.Желино, Општина Желино, П.П.бр.19.2.10-2066/24 од 23.12.2024 година,
- Јусуф Неими од с.Слатино, Општина Таерце, П.П.бр.19.2.10-2074/24 од 23.12.2024 год,
- Неџади Исени од с.Д-Палчиште, општина Боговиње, П.П.бр.19.2.10-2078/24 од 23.12.2024г,
- Хабил Харуни од с.Ларце, Општина Желино, П.П.бр.19.2.10-2088/24 од 23.12.2024 год,
- Милот Фазлија од Тетово, Дреновец-Порој бр.бб, Општина Тетово, П.П.бр.19.2.10-2089/24 од 23.12.2024 година,
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица во рок од (8) осум дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава на веб страната, да се јават во просториите на МВР - Одделението за прекршоци Тетово 1, Комисија за одлучување по прекршци Тетово 1, во својство на странка и за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, на кое во рок од (3) три дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во Барања за поведување прекршочна постапка.
Предупредување :
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ќе се смета за уредно доставување на писменото што е во согласност со член 56 став 5 од Законот за Прекршоци. Доколку горенаведените лица во рок од (3) три дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 60 од Законот за прекршоците.
Одделение за прекршоци Тетово 1
Комисија за одлучување по прекршоци