РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 88 став 5 од Законот за возила (Службен весник на РМ бр.140/08, бр. 56/11, бр.123/12, бр. 70/13, бр. 164/13, бр. 138/14, бр. 154/15, бр. 192/15, бр.39/16 и Службен весник на РСМ бр.161/19 и бр. 148/25) Одделението за прекршоци Скопје 5, Комисија за одлучување по прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 5- Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка, на кои по извршени два последователни обиди за достава на известувањата, не се во состојба да ги достават со лична достава, и тоа:
1. Игор Блажески со место на живеење во Скопје на ул. Китка бр. 74, Драчево, општ. К. Вода, по предмет 19.1.5-884/25,
2. Ахмет Аметовски со место на живеење во Скопје, ул. Лисец бр.54, општ. Аеродром, по предмет 19.1.5-885/25,
3. Сенат Бајрам со место на живеење во Скопје на ул. Мехмет Гега бр.30/1-5, општ. Чаир, по предмет 19.1.5-1154/25,
4. Султан Мемети со место на живеење во Скопје на ул. Зенден Џемаил бр.91, општ. Гази Баба, по предмет 19.1.5-1156/25,
5. Ахмет Аметовски, живее во Скопје, на ул. „Лисец“ бр.54, општина Аеродром, за прекршочен предмет 19.1.5-1130/25,
6. Сељман Зимбери, живее во Куманово, с. Гошинце бр.ББ, општина Липково, за прекршочен предмет 19.1.5-1107/25.
Се повикуваат горенаведените физички лица во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделение за прекршоци Скопје 5, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР на РМ - Сектор за прекршоци, на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 нас. Лисиче, во својство на странки за прием на горенаведените барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, на кои во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
По објавувањето на веб страната на Министерството за внатрешни работи и со истекот на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека странката е уредно известена за писменото.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Согласно член 88 став 5 од Законот за возила, со истекот на 8 (осум) дена од денот на објавувањето ќе се смета дека доставата е извршена, па доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од извршената достава не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.
Одделение за прекршоци Скопје 5
Комисија за одлучување по прекршок