Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

СКОПЈЕ 5

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Врз основа на член 10 ст.2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
прекршоците против јавниот ред и мир (Службен весник на РМ бр.152 од 03.09.2015
година) Одделението за прекршоци Скопје-5, Комисија за одлучување по прекршок,
при Министерството за внатрешни работи, врши:

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 5-
Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички и правни
лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени барања за поведување
на прекршочна постапка, на кои по извршени два последователни обиди за достава на
известувањата, не се во состојба да ги достават со лична достава, и тоа:
1. Насер Бајрами, со место на живеење во Скопје на ул. „Максут Садик“ бр.13,
општина Чаир, по прекршочен предмет бр. 19.1.5-1919/25,
2. Мурат Сали, со место на живеење во Скопје на ул. „Јоаким Крчовски“ бр.9,
општина Центар, по прекршочен предмет бр. 19.1.5-1919/25.
Се повикуваат горенаведените физички лица во рок од 8 (осум) дена од денот на
објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделение за
прекршоци Скопје 5, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР на РМ
- Сектор за прекршоци, на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 нас. Лисиче, во
својство на странки за прием на горенаведените барања за поведување на
прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, на кои во рок од 3
(три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите
наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
По објавувањето на веб страната на Министерството за внатрешни работи и со
истекот на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека странката е уредно
известена за писменото.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Согласно член 10 ст.2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
прекршоците против јавниот ред и мир, со истекот на 8 (осум) дена од денот на
објавувањето ќе се смета дека доставата е извршена, па доколку горенаведените лица
во рок од 3 (три) дена од извршената достава не се произнесат по поднесеното
барање, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе
ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.

Одделение за прекршоци Скопје 5
Комисија за одлучување по прекршок

Мени за пристапност