РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 15-а став 6 од Законот за лична карта, Одделението за прекршоци Скопје-5, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи, врши јавна објава:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје-5 Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка кои не се во состојба да ги достават со лична достава и тоа:
1. Раде Трајковски ул.Островска бр.2А о.Ѓорче Петров, Скопје, 19.1.5-45/24;
2. Александар Христовски ул.Исаија Мажоски бр.6 Скопје, 19.1.5-272/24;
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР на РСМ-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски„ бр.1 нас.Лисиче (до Трговскиот центар) - Скопје, во својство на странки за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08,00-16,00 часот, на кое ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
Предупредување:
Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 15-а став 6 од Законот за лична карта, доколку горенаведените лица не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.
Одделение за прекршоци Скопје 5
Комисија за одлучување по прекршок