РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 56 став 5 од Законот за прекршоците, (,,Службен весник на РСМ‘‘ бр. 96/19 и бр. 253/23) Одделението за прекршоци Скопје 5, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 5, им соопштува на наведените физички лица дека од страна на овластен подносител им се поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, на кои по извршен обид, не се во состојба да им ги достави известувањата со лична достава и тоа:
1. Ариф Бурханедин ул. 147 бр. 3, општ. Чаир, Скопје, за прекршочен предмет 19.1.5-2151/23
2. Муарем Ќерими ул. 11 бр. 64 нас. Илинден, Скопје, за прекршочен предмет 19.1.5-2152/23
Се повикуваат горенаведените физички лица во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје 5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци на ул. Димитар Туриманџовски бр. 1 нас. Лисиче, во својство на странки за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
По објавата на веб страната на Министерството за внатрешни работи и со истекот на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека странката е уредно известена за писменото.
Предупредување:
Согласно член 56 став 5 од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ‘‘ бр.96/19 и бр. 253/23), со истекот на 8 (осум) дена од денот на објавувањето се смета дека доставата е извршена, па доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена од извршената уредна достава не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.
Одделение за прекршоци Скопје 5
Комисија за одлучување по прекршок