РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 15-а став 6 од Законот за лична карта, Одделението за прекршоци Скопје- 5, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи, врши јавна објава:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 5- Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка кои не се во состојба да ги достават со лична достава и тоа:
1. Халит Кадри ул.2 бр.4 о.Студеничани, Скопје, 19.1.5-120/23;
2. Митко Севриев ул.Венјамин Манџуковски бр.1-14 Скопје, 19.1.5-237/23;
3. Борче Ацевски ул.Благоја Паровиќ бр.70/4-3 о.Чаир, Скопје, 19.1.5-350/23;
4. Емануела Халим ул.376 бр.171 о.Чаир, Скопје, 19.1.5-620/23;
5. Хадар Веизоски с.Канатларци бб. Прилеп, 19.1.5-772/23;
6. Ибраим Џелили ул.Никола Малешевски бр.16/2-2 о.Чаир, Скопје, 19.1.5-773/23;
7. Дино Мемиќ ул.Ферид Мурати бр.4/14 о.Чаир, Скопје, 19.1.5-1377/23;
8. Ељмаз Шата ул.Ферид Мурати бр.4/14 о.Чаир, Скопје, 19.1.5-1378/23;
9. Надире Мустафа ул.Димче Мечето бр.2Б о.Шуто Оризари, Скопје, 19.1.5-2099/23;
10. Александар Митевски ул.Гоце Делчев бб. с.Иванковци, Велес, 19.1.5-2100/23;
11. Шаин Саидов ул.Пат за Китка бр.7 н.Драчево, Скопје, 19.1.5-186/24;
12. Алуш Еминов ул.Ѓуро Ѓоновиќ бр.145 о.Центар, Скопје, 19.1.5-354/24;
13. Александар Христовски ул.Исаија Мажоски бр.6 Скопје, 19.1.5-272/24;
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР на РСМ-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски„ бр.1 нас.Лисиче (до Трговскиот центар) –Скопје, во својство на странки за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08,00-16,00 часот, на кое во рок од 3(три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
Предупредување:
Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 15-а став 6 од Законот за лична карта, доколку горенаведените лица во рок од 3 дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.
Одделение за прекршоци Скопје 5
Комисија за одлучување по прекршок