РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на чл.385 ст.3 од ЗБСП, (Службен весник на РМ бр.169/15) Одделението за прекршоци Скопје 5- Комисија за одлучување по прекршоци, при Министерството за внатрешни работи, врши:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 5- Комисија за одлучување по прекршоци, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека од страна на Комисијата донесени се РЕШЕНИЈА, кои не се во состојба да ги достават со лична достава, и тоа:
- Ќевин Асан, живее во Скопје на ул. „Демирхисарска“ бр. 20, по предмет 19.1.5-1140/24,
- Туркијан Далипи, живее во Скопје на ул. „2“ бр. 17, Морани, по предмет 19.1.5-1182/24,
- Идриз Рустеми, живее во Скопје на ул. „Џон Кенеди“ бр.19, општина Чаир, по предмет 19.1.5-1347/24,
- Риза Халим, живее во Скопје на ул. „Менделеева“ бр. 22, по предмет 19.1.5-943/24.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделение за прекршоци Скопје 5, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на МВР на РМ - Сектор за прекршоци, на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 нас. Лисиче, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, на кои согласно чл.70 ст.1 од Законот за прекршоците, доколку не се задоволни од донесенитe решениja ќе можат да поднесат тужба за поведување на управен спор до Управен суд во рок од 30 (триесет) дена по приемот на одлуката.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи, работи ќе се смета за уредно доставување.
Одделение за прекршоци Скопје 5
Комисија за одлучување по прекршок