РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 88 став 5 од Законот за возила, (,,Службен весник на Република Македонија‘‘ бр. 140/2008, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 , 154/15 и 39/16 и ,,Службен весник на РСМ‘‘ бр. 161/19) Одделението за прекршоци Скопје 2, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи, врши јавна објава:
Ј А В Н А О Б Ј А В А З А Д О С Т А В У В А Њ Е
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 2, Комисија за одлучување по прекршоци Скопје 2, му соопштува на наведеното правно лице, дека од страна на овластен подносител му е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка, на кое по извршени два последователни обиди за достава на известувањето, не е во состојба да го достави со лична достава и тоа:
1. Правно лице: ДПТУ ГАНИЌ ЕКСКЛУЗИВ ДОО со седиште во Скопје на ул. Кеј 13-ти Ноември бр. 1 Општина Центар за прекршочен предмет П.П.бр.19.1.2-54/22;
Се повикува горенаведеното правно лице во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Одделението за прекршоци Скопје 2, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци на ул. Димитар Туриманџовски бр.1 нас. Лисиче, во својство на странка за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе може писмено да се произнесе во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна постапка.
По објавата на веб страната на Министерството за внатрешни работи и со истекот на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека странката е уредно известена за писменото.
Предупредување:
Доколку горенаведеното правно лице и одговорно лице во правно лице не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 88 став 5 од Законот за возила.
Одделение за прекршоци Скопје 2
Комисија за одлучување по прекршок