РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 88 став 5 од Законот за возила, („Службен весник на Република Македонија‘‘ бр. 140/2008, 53/11, 123/12, 70/13, 164/13, 138/14 , 154/15 и 39/16 и „Службен весник на РСМ‘‘ бр. 161/19 и бр. 148/25) Одделението за прекршоци Скопје 1, Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи, врши јавна објава:
Ј А В Н А О Б Ј А В А З А Д О С Т А В У В А Њ Е
Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Скопје 1, Комисија за одлучување по прекршоци Скопје 1, им соопштува на наведените правни лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, на кои по извршени два последователни обиди за достава на известувањето, не е во состојба да им го достави со лична достава и тоа:
1. Правно лице Друштво за транспорт Христо транс ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Благоја Стефковски бр. 34, општина Гази Баба, по предмет 19.1.1- 37/24;
2. Правно лице ДПТУ ПРОСПЕРА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. 102 бр. 110, нас. Ќојлија, општина Петровец, по предмет 19.1.1- 39/24;
3. Правно лице ДПТПУ ФИЌО СЕРВИС ДОО увоз-извоз Бразда, Чучер Сандево, со седиште во с. Бразда на ул. 20 бр. 54, општина Чучер Сандево, по предмет 19.1.1- 45/24.
Се повикуваат горенаведените правни лица во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје 1, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци на ул. Димитар Туриманџовски бр.1 нас. Лисиче, во својство на странки за прием на горенаведените барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, на кои во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањата за поведување на прекршочна постапка.
По објавата на веб страната на Министерството за внатрешни работи и со истекот на осум дена од денот на објавувањето, ќе се смета дека странките се уредно известени за писменото.
Предупредување: Доколку горенаведените правни лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 88 став 5 од Законот за возила.
Одделение за прекршоци Скопје 1
Комисија за одлучување по прекршок